Неколку начини да останете во контакт со пријателите кои се преселиле

Неколку начини да останете во контакт со пријателите кои се преселиле

Понекогаш во животот доаѓаат моменти кога некој од вас ќе треба да го промени местото на живеење, поради кариера, љубов или каква било друга причина. Доколку некој од вашите пријатели треба да се пресели, секако дека тоа најпрво ќе биде шок за вас, но ќе морате да го прифатите и да научите да живеете со овој факт. Во многу вакви случаи, кога личностите не се гледаат многу често, со текот на времето пријателството едноставно исчезнува. Но, реалноста е дека тие всушност не знаат како да се справат со овој проблем и да го извлечат најдоброто од него. Постојат голем број начини на коишто можете да останете во контакт и да одржувате пријателство со некој кој се преселил. Не согледувајте го растојанието кое постои помеѓу вас, туку разгледајте ги малите опции кои ги имате. Погледнете ги овие трикови кои ќе ви го понудат решението.

Неколку начини да останете во контакт со пријателите кои се преселиле

1. Често праќајте си случајни фотографии

Еден до најголемите проблеми кои се појавуваат кога сте далеку еден од друг, е дека не се гледате редовно. Кога некој нема да го видите долго време, тогаш полека ќе почнете да заборавате на него и да губите секаков контакт. Затоа, не дозволувајте да исчезне вашето пријателство. Добра идеја е да имате навика да правите селфи фотографии и да му ги испраќате на вашиот пријател преку социјалните мрежи. Доколку не добивате често фотографии како прави смешни изрази на лицето, тогаш значи и дека не прави доволно напор за да го сочува пријателството.
Снепчет првично е создаден за испраќање слики на луѓето кои ќе ги насмевнат со помош на различните ефекти. На овој начин вие и вашиот пријател ќе споделувате смешни моменти и ќе се чувствувате како да сте поблиску еден до друг. Исто така ќе имате увид во вашите животи, ќе знаете како ви минуваат деновите, што сте решиле да облечете за вечерното излегување или пак која е личноста во која сте се заљубиле.

2. Комуницирајте секогаш кога можете

Не е важно дали ќе користите Фејсбук или нешто друго за оваа намена, туку важно е да комуницирате колку што е можно почесто. Со цел да го задржите вашето пријателство, вие морате да ги споделувате моментите од вашите животи. Разговарајте додека ги плаќате сметките, пазарувате или сте излезени на прошетка. Кога постојано знаете што се случува во вашите животи, тогаш вие ќе создадете поголема поврзаност, па ќе можете да си помагате едни со други и да си давате совети. Не значи дека цело време треба да зборувате за „важни“ работи. Пријателството значи споделување и на мали нешта што не би сакале да ги споделите со некој друг. На пример, зборувајте за некоја нова храна којашто сте ја вкусиле. Кога ќе ги знаете ваквите работи еден за друг, вашата врска со текот на времето ќе стане посилна.

3. Заедно играјте виртуелни игри

Доколку ова била една од вашите активности кога сте биле во близина еден со друг, тогаш дефинитивно ќе ви одговара и кога сте далеку. Кога ќе играте игри ќе добиете чувство како да влегувате во некој друг свет, каде што ништо друго не е важно, туку само авантурата. Ако споделувате вакви моменти со вашиот пријател, тогаш ќе се чувствувате како вие двајцата да сте биле заедно на некое магично, авантуристичко патување. Играњето игри може да биде особена забавна активност која можете да ја практикувате додека сте разделени, а исто така добра идеја е да разговарате додека играте, бидејќи не само што ќе можете да зборувате за случувањата во играта, туку исто така ќе можете да споделите и некои шеги, па да чувствувате како навистина да сте заедно.

Неколку начини да останете во контакт со пријателите кои се преселиле

4. Споделувајте тајни кои никој не ги знае

Една од ретките работи која е многу полесна кога сте далеку еден од друг, е споделувањето тајни. Секако, ова е нормално да го правите со вашите пријатели, но кога не ја гледате личноста пред вас, многу полесно можете да зборувате отворено, без да се чувствувате неудобно. Кога ќе ги споделувате тајните меѓусебно, вие ќе чувствувате поголема доверба во пријателството и тоа ќе ви даде сила да ја зајакнете вашата врска.

5. Бидете секогаш достапни

Редовната комуникација е секако добра, но тоа не е доволно. Пријателите треба да бидат достапни и во лошо и во добро. Временската разлика која постои помеѓу вас и вашиот пријател може да направи понекогаш да треба да останете будни до доцна во ноќта, затоа што некоја ситуација бара итно внимание. Затоа, треба да бидете покрај вашиот пријател и да разговарате за она што се случува. Не треба да ви биде важно колку е часот доколку треба да понудите утеха, помош или да ја слушнете тешката ситуација низ која тој поминува.

6. Гледајте се секогаш кога можете

Искористете ја секоја можност да бидете блиски со вашиот пријател. Дури и ако имате можност да се гледате само неколку часа, тие моменти ќе ви дадат свежина во вашето пријателство. Секогаш кога можете, жртвувајте малку од вашето време и пари за да се видите еден со друг. Исто така добра идеја е заедно да отидете на некое кратко патување, да испланирате заеднички одмор или да ги посетите местата кои ви се допаѓаат. Доколку сте позитивни, можете да остварите сѐ, без разлика на какви било ограничувања.

Не му дозволувајте на растојанието да влијае на вашето пријателство. Комуницирајте виртуелно секогаш кога ќе имате можност и споделувајте ги најважните моменти од вашите животи. Не дозволувајте да изгубите нешто толку значајно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар