Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

Како и повеќето жени, сигурно и вие се имате соочено со проблемите кои можат да настанат од габичните инфекции. Но, и покрај сè постојат неколку начини на кои можете да ја одржувате ситуацијата под контрола.

Неколку начини да ги спречите габичните инфекции

Габичните инфекции најчесто ги предизвикува габата која се нарекува Кандида и таа живее во секое тело, а напаѓа кога се нарушува рамнотежата на киселоста во женскиот полов орган, претежно во матката и токму поради тоа се јавува иритација и чешање. Ситуацијата не е толку страшна колку што ви изгледа на почетокот и доколку ги следите овие совети ќе можете лесно да се заштитите од повторна габична инфекција…

Правилна исхрана

Експертите препорачуваат дека недела дена пред менструацијата треба да се консумираат пробиотици, а да се избегнува шеќерот и јаглехидратите. Јогуртот и кефирот треба да се пијат во поголемо количество, но и да се додадат повеќе лук и супи во секојдневната исхрана кои служат како превентива од габичните инфекции. Благите работи се вистинска замка во исхраната бидејќи тие го поттикнуваат развојот на габите.

Избор на гардероба

Габичните инфекции знаат да бидат досадни, но тие не се нешто со што не можеме да се справиме. Тие најчесто се размножуваат во топла и влажна околина и тоа значи дека тесната облека е одлично место за нивно развивање. Секогаш одбирајте облека која е направена од природни материјали и пеглајте ја долната облека со цел да ги уништите бактериите кои може да се нашле врз неа.

Лична хигиена

Габичното воспаление создава силна иритација, чешање и бело прање, па токму затоа има и непријатна миризба. Многу е важно редовно и правилно да ја одржувате вашата интимна хигиена. Никогаш не користете жешка вода за миење на интимната област и избегнувајте ги сапуните, особено оние кои се парфимирани. Исто така не се препорачуваат ниту миризливите тампони и влошки, барем не додека имате инфекција.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар