Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

Неколку мудри начини да се справите со луѓето коишто не ви се допаѓаат

Доколку живееме во совршен свет, секој човек со кој би имале можност да комуницираме би бил убав, учтив, внимателен, дарежлив и уште многу повеќе. Сите би се наоѓале во позитивна атмосфера каде што никој не би бил вознемирен. Сепак, ние не живееме во совршен свет. Некои луѓе успеваат да нѐ изнервираат, а и ние исто така влијаеме на други. Оние што не ни се допаѓаат едноставно не одговараат на нашиот карактер. Но, едноставно не е возможно да ги сакаме сите оние со коишто ќе се запознаеме, па затоа овде ви прикажуваме неколку начини со чија помош можете да се справите со поголемиот дел од луѓето кои не ви се допаѓаат.

1. Прифатете дека не треба да ги сакате сите

Иако понекогаш мислите дека можете да се вклопите со секој со кој комуницирате, сепак, неизбежно е дека ќе се судрите со луѓе коишто се противат на она што го мислите. Треба да сфатите дека конфликтите и несогласувањата се резултат на разликите во вредностите. Тоа лице што не ви се допаѓа, не мора да значи дека во суштина е лош човек. Едноставно, има разлика во вашите карактери, па затоа треба да прифатите дека не секогаш ќе им се допаѓате на сите, или пак сите ќе ве сакаат вас.

2. Не игнорирајте ги и не отфрлајте ги оние кои не ви се допаѓаат

Секако, комуникацијата со оние кои не ви се допаѓаат може да биде навистина тешка, но треба да знаете дека оние луѓе кои на некој начин ве предизвикуваат, понекогаш може да ве доведат и до нови сознанија и ви помагаат да успеете. Запаметете, ни вие не сте совршени, па луѓето сепак ве толерираат.

3. Третирајте ги со учтивост оние кои не ви се допаѓаат

Без оглед на вашите чувства кон некој, таа личност ќе биде свесна за вашиот став и однесување, па најверојатно ќе се однесува исто. Ако сте груби кон некого, личноста ќе биде груба и кон вас. Затоа, останете фер и непристрасни. На овој начин нема да се спуштите на нивно ниво и да делувате на начинот на кој тие се однесуваат.

4. Запознајте се со своите очекувања

Не е невообичаено едни луѓе да имаат нереални очекувања во однос на други. Вие можете да очекувате една личност да реагира и да го кажува она што вие би сакале, но тоа не е реално. Всушност, очекувајќи другите да го прават она што вие би го направиле во дадена ситуација, значи дека самите си создавате разочарување. Доколку некоја личност прави да се чувствувате секогаш исто, приспособете ги вашите очекувања. На овој начин ќе бидете психички подготвени и нема да бидете изненадени од однесувањето на луѓето кои не ви се допаѓаат.

5. Фокусирајте се на себеси

Без разлика што и да направите, некои луѓе сѐ уште може да ве нервираат. Но, важно е да научите како да се справите со вашата фрустрација кога сте во близина на некој што ве нервира. Наместо да размислувате колку иритирачка е таа личност, фокусирајте се на она што сте. Понекогаш она што не ви се допаѓа кај другите, е токму она што не ви се допаѓа и кај вас. Затоа запаметете дека подобро е да ги промените своите ставови и очекувања, отколку да барате некој да се однесува различно.

6. Направете пауза и земете длабок здив

Некои карактеристики на личноста честопати може да ве нервираат. Тоа може да биде колегата кој ги промашува зададените рокови или пак личноста која секогаш кажува невкусни шеги. Во тие моменти подобро е да направите мала пауза и да добиете контрола над вашиот адреналин, па да можете подобро да реагирате. Земете длабок здив и заштитете се од несаканите реакции.

7. Искажувајте ги своите потреби

Доколку некој постојано ве нервира, дајте му до знаење дека неговиот начин на однесување или стил на комуникација е проблем за вас. Избегнете ги навредите, но на учтив начин искажете го својот став, па притоа чекајте го нивниот одговор и нивната реакција.

8. Овозможете си простор помеѓу вас

Ако ништо друго не успее, овозможете простор помеѓу вас и личноста што не ви се допаѓа. Тоа значи да си продолжите по својот пат. Доколку сте на работното место и доколку ви дозволуваат условите, преместете се во другата канцеларија. Со тоа што ќе бидете оддалечени, на некој начин вие ќе можете да ја вратите и одржувате и меѓусебната комуникација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар