Неколку мисли кои ѝ поминале низ глава на секоја девојка која е во долгогодишна врска

Неколку мисли кои ѝ поминале низ глава на секоја девојка која е во долгогодишна врска

Во некој совршен свет, секоја девојка која би била благословена со еден партнер подолго од една или две години, апсолутно би немала грижи за нивната среќна и здрава врска. За жал, така не функционира женскиот ум. Но, не плашете се. Вие не сте единствените кои лежите будни во текот на ноќта и се прашувате зошто такви мисли ви навлегуваат во умот. Постојат неколку мисли кои секоја девојка која е во долгогодишна врска ги помислила.

1-nekolku-misli-koi-pominale-niz-glavata-na-sekoja-devojka-koja-e-vo-dolgogodishna-vrska-www.kafepauza.mk_

1. „Како имав толкава среќа?!“

„Дали ова е навистина предобро за да биде вистина? Дали сега следува нешто лошо?“ Само затоа што сте навикнати вашите пријателки едвај да поминат еден месец во врска, или ви се чини дека сите останати раскинуваат, не значи дека истото ќе се случи и со вашата врска.

Но, сепак, постојат и врски кои можеби траеле дури подолго и од вашата, а сепак на крајот се распаднале, и тоа може да изгледа застрашувачки.

Мора да сфатите дека секоја врска е различна и секоја има свои потешкотии и проблеми. Не смеете да си дозволите да ја споредувате вашата врска со останатите за коишто ништо не знаете.

Овие грижи не значат дека ви фали самодоверба во вашата врска – туку само дека сте свесни дека нешто може да се случи. Како и да е, ако не постои нешто за што треба да се грижите во вашата врска, не создавајте проблем само за да го пополните тоа место. Ако овие мисли ви паднат на памет, сетете се дека постојат поголеми проблеми.

2. „Да се биде сингл е позабавно“

Ако не сте го помислиле ова, тогаш сигурно го слушате од вашите сингл пријателки постојано и постојано. Да се биде во долгогодишна врска може да изгледа како стапица додека седите сами со вашиот партнер во кафуле, а сите ваши пријателки се забавуваат до доцна во ноќта.

Се чини дека спонтаноста е она за кое сите се жедни, но различно ја сфаќаат оние кои се во долгогодишна врска и оние кои се сингл. Не е чудно да посакате да бидете барем една ноќ сингл и лудо да се забавувате заедно со вашите пријателки.

Иако можеби мислите дека сте завршиле на помалку забавната страна, запрашајте се колку од вашите сингл пријателки го посакуваат она што вие го имате. Лудите излегувања се забавни, но малкумина ќе се откажат од желбата за бескрајни ноќни прегратки, гледање филмови и искрени разговори со саканиот.

Вие пронајдовте партнер и пријател кој не треба да се грижите да го барате повторно. Колку задоволувачки е тоа?

2-nekolku-misli-koi-pominale-niz-glavata-na-sekoja-devojka-koja-e-vo-dolgogodishna-vrska-www.kafepauza.mk_

3. „Нема повеќе првпат…“

Ако сте во врска со личноста со која сте спремни да го поминете остатокот од вашиот живот, може да ви поминуваат истите мисли како на Моника пред да се омажи за Чендлер во серијата „Пријатели“.

Нема повеќе први бакнежи, први состаноци или кое било прво искуство што доаѓа со новата врска. Но, нема потреба од грижа, бидејќи вашите први бакнежи ќе се претворат во прва куќа, вашите први состаноци во прво дете…

Па, зарем не мислите дека нема ништо повозбудливо од вашиот заеднички живот, бидејќи тој е далеку повистинит. Ова се моментите за кои сте сонувале отсекогаш и сега тие изгледаат поблиску од кога и да било.

4. „Што ако…?“

Застрашувачкото „што ако…“ содржи два збора кои можат најмногу да ве натераат да размислувате. Постојат повеќе агли кои може да се земат предвид, особено кога станува збор за темата долгогодишни врски.

5. „Што ако никогаш не го сретнев?“, „Што ако раскинеме?“

Да бидеме искрени, поставувањето на ова прашање по цел ден нема да ја промени реалноста.

Сепак, тоа не може да направи да го задржиме надвор од нашите глави. Ова е прашање за кое може да биде забавно да се размислува кога ни е досадно, но ако сте навистина среќни, не дозволувајте да ве збуни да мислите дека сте несреќни.

Нема потреба за да се запрашувате „ што ако…“ доколку сте задоволни со вашиот живот и со вашата врска каква што е. Ако овие мисли ве окупираат повеќе отколку што сакате, можеби е време да поразговарате со вашиот партнер. Ова не значи дека треба да раскинете, но ќе ви помогне да утврдите дали двајцата имате ист став и ги сакате истите работи за вашата врска.

Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за вашата врска е да ги прифаќате работите како што доаѓаат. Стресот за малите работи или преголемото анализирање на заеднички поминатото време со партнерот само ќе ја зголемат тензијата помеѓу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар