Неколку мали совети за подобрување на менталното здравје!

Неколку мали совети за подобрување на менталното здравје!

Прочитајте ги и обидете се да ги примените овие 9 едноставни совети за ментално здравје затоа што благодарение на нив можете да си го подобрите животот.

Неколку мали совети за подобрување на менталното здравје!

1. Дозволено ви е да ги исфрлите токсичните луѓе од вашиот живот.

Дури и ако ги знаете долго време, но тие ве повредуваат и разочаруваат повторно и повторно, можеби е време да се збогувате од нив. Тоа ќе создаде празнина, но таа празнина може да ја пополнат луѓе кои вистински ќе ве сакаат.

2. Не сте одговорни за туѓата среќа.

Обидете се да им помогнете на другите, направете сè што е во ваша моќ, погрижете се да им давате важни насоки на блиските луѓе, но ако тие самите не сакаат да си помогнат, вам ќе ви биде уште потешко да им помогнете.

3. Треба да внимавате што примате од светот на интернетот.

Она што го следите на социјалните мрежи влијае на вашето ментално здравје. Треба да избегнувате медиуми за кои знаете дека се штетни за вас.

4.Спиењето е неверојатно важно за вашето ментално здравје.

Не заборавајте дека ви се потребни околу 8 часа сон за нормално функционирање на организмот.

5. Направете пауза од вестите.

Добро е да знаете што се случува околу вас, но ако се чувствувате очајно откако ќе ги проверите вестите, направете пауза од нив.

6.Водете дневник.

Поголемиот дел од времето сè што треба да направите е да размислувате за вашите мисли за да ја зголемите свесноста за вашите чувства.

7. Научете техники за дишење што можат да ви помогнат во стресни моменти во вашиот живот.

Правилното дишење ќе ве смири и опушти.

8. Кога се чувствувате лошо, размислете што би му рекле на пријател доколку се најде во вашата ситуација.

Веројатно би направиле сè за вашиот пријател да се чувствува подобро, а истото можете да го направите и за себе.

9. Ниското ниво на витамин Д3 може да ви го влоши расположението!

Секогаш кога имате време, отидете на прошета во природа, но не заборавајте ги и додатоците со витамини и минерали!

Откако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и како емпатијата може негативно да влијае врз вашето ментално здравје.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар