Неколку корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса

Неколку корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса

На проблемот со мрсна коса можат да влијаат голем број фактори. Најчесто станува збор за недоволна нега, користење екстремни препарати, често чешлање и поминување со рацете низ коса, како и различни видови хормонални нарушувања, стрес, зголемено количество мрсна храна… Па, доколку и вие го имате овој проблем, погледнете ги следниве корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да се справите со него…

Неколку корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса

1. Мијте ја косата поретко и користете благи шампони кои немаат многу хемикалии.

2. Направете трајна, бидејќи на кадравата коса помалку се забележуваат маснотиите.

3. Избегнувајте го регенераторот или пак, кога го користите ставајте го само на врвовите и косата мијте со млака вода бидејќи топлата ја зголемува можноста за мрсење.

4. Изберете шампон за мрсна коса и волумен бидејќи тие содржат помалку хемикалии кои го иритираат темето.

5. Одберете ја соодветната фризура за криење на мрснотијата, како на пример, косата во степени.

6. Избегнувајте ги шишките бидејќи на нив најпрво се забележува кога вашата коса е мрсна.

7. Бебешката пудра може многу да ви помогне, сè што треба е да ја нанесете на косата и таа веднаш ќе ја впие мрснотијата.

8. Јадете што помалку мрсна храна и внесувајте што повеќе вода и овошје во вашиот организам. Избегнувајте ги и шампоните за деца, бидејќи тие иако се благи, сепак повеќе ја мрсат косата.

9. Не ја сушете косата на силна температура.

10. Избегнувајте ги маслата кои се користат за сјај на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар