Неколку едноставни начини да го возбудите за само 60 секунди
Со овие едноставни и брзи игри можете да го возбудите дури и за време на оние денови кои и двајцата сте претерано зафатени со вашите работни обврски. Тие за само 60 секунди можат да донесат свежина во вашата врска и да ја разгорат страста помеѓу вас…
Играјте „погоди ја облината“
Со вашиот смартфон фотографирајте делови од телото и испратете му ги фотографиите со објаснување да погоди за кој дел од вашето тело станува збор.
Испратете му сликовита порака која ќе ја разгори неговата фантазија во момент кога тој најмалку очекува
Најдоброто време за оваа порака е кога тој е на работа (но, внимавајте да не е на важен состанок) или пак, наутро веднаш по будењето. Напишете му нешто за што ќе размислува цел ден, како на пример, „Ги посакувам твоите раце врз моето тело!“ или „Ти, јас, мојот кревет, вечерва, во 22 часот!“
Употребете играчки во предиграта
Размислете само колку би помогнале вибрациите во масажата на ерогените зони.
Измислете зборови или кратенки кои само вие двајца ќе ги разбирате
Следен пат кога ќе бидете со вашите пријатели и не можете отворено да разговарате, упатете му „кодирана“ порака за да знае точно што се врти во вашите мисли.
Поставете секси песна за вашите повици на неговиот мобилен телефон
Кога и да му се јавите, оваа песна ќе побудува сексуални мисли кај него.
Снимете кратко секси видео и испратете му го со порака дека го очекувате истото и од него
Но, имајте на ум дека телефоните се губат и за да избегнете непријатни ситуации не го снимајте вашиот лик, ниту пак кажувајте имиња кои би откриле за кого станува збор.