Неколку докази дека втората љубов е вистинската

Неколку докази дека втората љубов е вистинската

Откако ќе ви биде скршено срцето, вие може да чувствувате дека е крај на светот, да се разочарате од животот и од љубовта и да мислите дека никогаш повторно нема да бидете способни да сакате. Но, во суштина не е така. Само поради тоа што сакате некого, не значи дека таа личност е вистинската за вас. Љубовта се состои од нешто подлабоко и позначајно. Така, најверојатно вам ве чека втора љубов која ќе успее да ви вметне нови радости и надежи, а и да ви ја избрише сета претходна болка. Еве кои користи ви ги нуди таа.

Еве зошто втората љубов е вистинската

Втората љубов ве учи како повторно да сакате, откако еднаш сте биле повредени

Таа ве учи дека љубовта сѐ уште постои и дека сте способни повторно и повеќе да сакате. Втората љубов ви покажува дека сѐ уште можете да имате верба во љубовта, без разлика колку болка ви предизвикала првата. Таа е тука да ги излечи вашите рани.

Втората љубов ви дава надеж

Таа ви покажува дека сѐ уште можете да живеете во бајка, дека скршеното срце не е крај на светот и дека сѐ уште на вашиот пат ве очекуваат добри работи. Таа ви покажува што може да се случи доколку продолжите напред и ги оставите зад вас работите кои ве повредуваат, кога ќе се обидете повторно и нема да ја изгубите надежта. Втората љубов ви ја покажува светлината после темнината.

Втората љубов е похрабра

Тоа значи дека вие знаете како да простите, како да ризикувате да бидете повторно повредени, затоа што вреди. Тоа значи дека се подготвувате за најлошото, но се надевате на најдоброто. Втората љубов ве прави посилни.

Еве зошто втората љубов е вистинската

Втората љубов ве тера да верувате во моќта на времето

Зошто работите со првата љубов не излегоа во најдобар ред? Зошто се заљубивте во погрешна личност? Зошто вашето срце беше скршено и покрај ветувањата дека сте сакани? Втората љубов е овде да ви каже дека зад секоја болка се крие вистинска причина и дека сакањето не значи дека таа личност е вистинската за вас.

Втората љубов има смисла

Таа не се заснова на детските фантазии, страста или занесот. Таа не е слепа или токсична и не се заснова на нереални очекувања или чиста опсесија. Втората љубов доаѓа откако сте научиле да ја слушате вашата интуиција, да ги гледате црвените знамиња, да одберете некој што ќе додаде вредност на вашиот живот и откако сте научиле да донесувате зрели одлуки, а не кога сте осамени. Втората љубов ви покажува дека вие можете да бидете нечиј прв избор, но и што навистина значи да бидете сакани!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар