Неколку чекори до прекрасни локни без притоа да ја горите вашата коса

Неколку чекори до прекрасни локни без притоа да ја горите вашата коса

Ако постои еден трик за убавина од кој сите ние можеме да имаме корист, тоа е намалување на штетата која ја нанесуваме врз нашата коса. Со оглед на тоа колку ја чешламе, фарбаме, пегламе или виткаме, не е воопшто тешко да се забележи нашето негативно влијание врз неа. Но, што ако ви кажеме дека постои начин на кој можете да имате прекрасни локни без притоа да ја горите и уништувате вашата коса?

Неколку чекори до прекрасни локни без притоа да ја горите вашата коса

Јутјуберката Вивијан Во-Фармер го користела овој метод со години и според тоа што можеме да го видиме од нејзиното видео е дека станува збор за ефективна алтернатива. Наместо да ја горите вашата коса пред секое излегување од дома, вие сè што треба да направите е да се бањате претходната вечер и да ја оставите да се исуши. Потоа извртете ја во две одделени плетенки кои ќе ги споите во пунџа и наредното утро ќе имате неверојатни локни. За повеќе детали околу процесот погледнете го следново видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар