Нека си играат надвор: Во природа растат здрави и интелигентни деца
Загадената природа има сè понегативно влијание на човечкото здравје. Со цел тоа да се спречи, мора да ги смениме своите животни навики и да станеме посвесни за важноста на природата. Не можеме да очекуваме здрави луѓе во нездрава околина.
„Болестите како дијабетесот, карциномот, кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, како и психолошките нарушувања веќе ги надминале бројките на заболените од заразни болести“, изјавиле од Светската здравствена организација.
Од ова најмногу страдаат најмалите. За здрав раст и развој на децата, потребна е природа. Поврзаноста помеѓу децата и природата е од клучна важност, како за нивното здравје, така и за околината. Ако децата не се поврзат со природата во текот на растењето, ќе им биде многу потешко да создадат чувство за одговорност кон неа во возрасната доба. Воспитувањето што не вклучува учење за важноста на чистата и незагадената околина води кон многу полоша иднина.
Поминувањето време помеѓу зеленило позитивно влијае на когнитивниот како и на социјалниот развој на децата, како и развојот на моториката и концентрацијата. Освен тоа, тие ќе ја разбудат и својата креативност. Играта во природата поттикнува физичка активност, а со тоа се смалува можноста за заболување од разни болести и нарушувања во возрасните години, како што се кратковидоста, склоноста кон стрес и недостатокот од витамин Д.
Со други зборови, дозволете им на вашите деца да пораснат во природа. Тие имаат цел живот пред нив да ја користат технологијата, па додека се мали, научете ги дека свежиот воздух и зеленилото треба да биде приоритет за добро здравје и среќа.
Правете го она што и вашите родители го правеле и пуштете ги децата да си играат надвор!