Небесна торта: Мек, кремав залак од рајот!

Небесна торта: Мек, кремав залак од рајот!

За професионалците во кујна!

Потребни состојки:
За кората:
  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 5 лажици кокос
За филот од вишни:
  • 1/2 тегла компот од вишни
  • 100 милилитри вода
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици густин
За филот од ванила:
  • 3 жолчки
  • 600 милилитри млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 250 милилитри слатка павлака
  • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
За глазурата:
  • 150 грама чоколадо
  • 4 лажици масло
Начин на подготовка:

Изматете ги белките додека не добиете снежна смеса, па додајте ги брашното и кокосот и матете со електричен миксер на најмала брзина. Премачкајте тава со масло и потоа посипете малку брашно и ставете ја смесата за кората. Оставете да се пече 15-20 минути во рерна претходно загреана на 180 степени. Кога смесата ќе почне да пожолтува, извадете ја од рерната.

Додека кората се пече, направете крем од ванила. Измешајте ги жолчките со шеќерот, густинот и 100 милилитри од млеко. Останатото млеко оставете го да зоврие. Потоа додајте ја смесата со жолчките и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган, додајте екстракт од ванила, промешајте и покријте со проѕирна фолија. Оставете да се олади.

За филот од вишни, искористете половина тегла компот. Исцедете половина од сокот, па додајте вода. Помешајте густин и шеќер, па потоа додајте го и сокот што го тргнавте настрана. Остатокот оставете го да проврие, па спојте ги двете смеси. Мешајте додека не се згусне и тргнете од оган.

Изматете ја слатката павлака, па половина од неа додајте го во оладениот крем од ванила. Повторно матете, па додајте ја и другата половина. Изматете добро. Ако добиете прегуста смеса, можете да додадете малку ладно млеко, па повторно да матите. Распоредете го преку кората, а над овој слој ставете го слојот од вишните.

Стопете ги чоколадото и маслото, па прелијте ги преку тортата. Можете да декорирате со вишни и чоколадни трошки. Ставете ја тортата на неколку часа во фрижидер и потоа слободно послужете ја. Добар апетит!

Пробајте ја и оваа монте торта: Рецепт за кој нема да ви треба рерната!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар