Не ве заслужува оној којшто никогаш нема време за вас
Постојат некои луѓе кои од вас не земаат ништо, но ви даваат сè што имаат. Но постојат и такви кои земаат сè, а не ви даваат ништо. Ова е огромна разлика и што побрзо станете свесни, толку побрзо ќе одредите кој вреди да остане во вашиот живот.
Така ќе одредите каде ќе бидете за пет или десет години. Ќе одредете дали некоја личност ќе ви предизвикува само жалење, лутање од повреда до повреда, или ќе прави да се чувствувате прекрасно и ќе ве натера да сфатите дека животот е прекрасна авантура.
Штом ќе го дознаете тоа, ќе ја донесете најдобрата одлука за себе и ќе го живеете животот што го заслужувате.
Не ве заслужува личноста којашто никогаш нема време, која секогаш наоѓа изговор или оправдување или која го игнорира секој ваш повик и се прави дека е премногу зафатена.
Не ве заслужува оној кој цело време ве изневерува, а потоа се преправа дека е овде за вас, а овде е поради други интереси.
Не ве заслужува оној чија маска на лицето можете да ја забележите од авион, но му верувате поради слатките зборови.
Ако му недостасувате на некого, тој секогаш ќе го најде патот до вас. Нема да му биде важно дали е ден или ноќ или какви обврски има. Доколку навистина му значите, ќе го надмине секој предизвик и ќе најде начин да биде со вас.
Па немојте да направите грешка и да ги отфрлате овие луѓе за оние кои ве лажат и се преправаат. Цената на нивната искреност и грижа кон вас е незаменлива.
Постојат луѓе кои не земаат ништо, а ви даваат сè. Постојат и луѓе кои ви земаат сè, а не ви даваат ништо. Ова е патот кој сите треба да го поминеме, испреплетеноста на нашите судбини каде што не знаеме што нè чека.
Но што и да се случи, мора да останете верни на себе, да не им се покорувате на оние кои се поставуваат над вас, но и да не се поставувате над никого. Тајната на добриот однос е рамнотежа – тоа што го давате, тоа и да го добивате. Со малку работа и со малку среќа, ќе ја откриете тајната на исполнетиот живот.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека тој навистина ги заслужува вашите внимание и љубов.