Не треба да се извинувате за вашето постоење

Не треба да се извинувате за вашето постоење

Како деца, некои луѓе почнувале да зборуваат, а потоа завршувале со еден вид извинување, како нивното постоење да е товар за секого, како нивните прашања да не се важни и нивните зборови да не се потребни. Но, доколку и вие се пронаоѓате помеѓу овие личности, треба да знаете дека оние кои ве натерале да се чувствувате така, грешат многу.

Не треба да се извинувате за вашето постоење

Вашите реченици не заслужуваат да започнуваат со извинување. Требало да ви биде вметнато доверба уште во вашето детство. Сѐ што е во врска со вас е вистинско и убаво. Ништо поврзано со вас не е грешка. Вие сте родени за да донесете нешто убаво на овој свет и секој придонес е важен. Помислете на последната личност која сте ја насмеале или сте ѝ помогнале. Помислете на оние кои се гордеат што ве познаваат, затоа што вие сте вистински пријатели и секогаш сте тука за нив. Помислете на сите мали нешта што ги правите за луѓето, без да барате благодарност за тоа. Вие не заслужувате да се извинувате за вашето постоење.

Вие сте прекрасна и уникатна личност во овој свет, која заслужува љубов. Ќе мора да научите дека ова е вистината за вас, дека сѐ е создадено со цел, а со тоа што се извинувате, вие се декларирате себеси како безначајни. Размислувајте на овој начин: Биле потребни многу милиони години за еволуцијата да ве создаде онакви какви што сте и за тоа мора да има причина. Верувале или не, причината не е да поминувате време извинувајќи се за она што сте, за работите што ги сакате, затоа што поставувате прашања. Некаде постојат луѓе кои ќе ве сакаат онакви какви што сте и тие ќе ве научат дека сте важни, баш какви и што сте.

Па, престанете постојано да се извинувате за своето постоење. Вие сте важни. Секогаш сте биле и секогаш ќе бидете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар