Не треба да бидете идеални за да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, сѐ што треба е да бидете компатибилни

Не треба да бидете идеални за да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, сѐ што треба е да бидете компатибилни

Во љубовта не значи дека треба да бидете идеални, а исто така не треба да го барате ниту идеалниот партнер. Разбирањето, поддршката и несебичноста се работи што можат да ви овозможат среќа и задоволство во вашиот живот. Затоа, избирајте партнер кој ќе биде спремен да остане со вас и во најтешките моменти, а исто така и вие со него. Во продолжение погледнете ги овие неколку случаи кои ќе ви покажат дека доколку имате разбирање со вашиот партнер, работите ќе изгледаат многу подобро.

Не треба да бидете идеални за да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, сѐ што треба е да бидете компатибилни

Една жена по име Рита е форензички патолог и има 42 години. Таа има долги и тенки прсти, пуши цигари и не се плаши од смртта. Рита има сопруг кој е 9 години помлад од неа и тој е водечки архитект во многу почитувана градежна фирма и е навистина прекрасен. Тој подготвува убави колачи и измислува приказни за нивните едногодишни близнаци. Доколку Рита мора да работи до доцна, тој ги заспива нивните деца, а исто така станува кога тие се будат во текот на ноќта, затоа што Рита најчесто е премногу уморна.

Друг случај е Кетрин, психолог во Федералната агенција за управување со итни случаи. Нејзиниот прв маж, кој бил воен хирург, бил убиен пред 12 години. Минатата година таа се венчала за Бил, камерман кој претходно се придружил на нејзиниот тим во една од спасувачките операции. Најпрво, тие биле само пријатели. Потоа Кетрин имала несреќа, па овој човек поминал шест месеци негувајќи ја. Тој земал отсуство од неговата работа за да може да поминува повеќе време со неа. Во тој период, Бил работел со скратено работно време, како фотограф за свадби. И покрај мрачните предвидувања на докторите, таа заздравела и нејзиниот син сега му се обраќа на Бил со „тато.“ За Бил, секој момент поминат со Кетрин е прекрасен и тој е возбуден за неговиот посинок кој добил право да учествува на интернационалната олимпијада по физика.

Не треба да бидете идеални за да ја пронајдете љубовта на вашиот живот, сѐ што треба е да бидете компатибилни

Мери е уште еден случај кој потврдува дека компатибилноста еден со друг е најважна. Таа е професор по филозофија, а нејзиниот маж нема универзитетска диплома, но тој ѝ изградил дом. Тој подготвува храна за неа, обожава деца и секогаш се грижи за тоа никој да не прави врева кога Мери треба да се фокусира на подготовките за предавањата. Таа е опседната со нејзината кариера, а нејзините планови опфаќале и една година стажирање во Кина. Нејзиниот маж можеби не знае кој е Хегел или пак не прочитал ништо во врска со егзистенцијализмот, но сепак, тој знае кој број чевли носи Мери, а никогаш не заборава да ги промени нејзините гуми на автомобилот, за да одговараат на сезоната. Треба да се спомене и фактот дека тој е милионер кој е сопственик на машини за преработка на дрво.

Не трудете се да бидете идеални за да ја пронајдете личноста која ви одговара – сѐ што треба е вие да бидете компатибилни еден со друг, затоа, не плашете се да живеете како што сакате и да бидете личноста која сакате да бидете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар