Не смеете да ги занемарите овие знаци на хронична анксиозност!
Живееме во свет чие брзо темпо несомнено е извор на стрес и нервоза. Иако за повеќето од нас сето тоа се чини нормално, сепак секојдневниот стрес може да доведе до состојба на хронична анксиозност, што, од друга страна, може да предизвика срцеви заболувања, дијабетес или мозочен удар. Во продолжение прочитајте кои знаци укажуваат на хронична анксиозност кои во никој случај не смеете да ги игнорирате.
Болка во мускулите
Постојаната болка во мускулите може да биде знак на хронична анксиозност. Размислете колку е стресен вашиот живот и колку е честа болката. Стресот може да предизвика воспаление што е и најчестата причина поради која мускулите се вкочанети.
Умор
Друг знак за хронична анксиозност е заморот. Стресот ги ослабува надбубрежните жлезди кои се одговорни за многу процеси во вашето тело почнувајќи од борба против воспаление и стрес и воспоставување рамнотежа во телото. Доколку постојано сте под стрес или не се храните здраво, тие не можат да ја вршат својата функција.
Главоболка
Честите главоболки се уште еден знак за хроничната анксиозност. Стресот создава мускулна тензија што најчесто резултира со главоболка. Обидете се да го промените вашиот начин на живот така што ќе воведете здрави навики како здрава исхрана, вежбање, медитација и ќе внесувате помалку кофеин.
Проблеми со спиење
Проблемите со спиење можат да бидат показател за хроничната анксиозност. Не заборавајте дека сонот е од огромно значење за управување со стресот во текот на денот бидејќи ви ја дава потребната енергија за да се справите со истиот.
Слабо варење
Еден од најлошите знаци на хронична анксиозност е неурамнотеженоста на дигестивниот систем. Освен тоа, кога телото е под стрес не може доволно да произведе серотонин или „хормон на среќата“ што доведува и до лошо варење на храната. Затоа, неопходно е да направите сè што можете за вашиот стомак да се чувствува подобро. Следниот пат можете да се обидете со чај од камилица кој сигурно ќе ви помогне да се опуштите.
Откако прочитавте кои знаци на хроничната анксиозност не смеете да ги занемарите, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници помагаат во намалување на анксиозноста.
Извор: allwomenstalk.com