Не сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!

Не сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!

Не сме уморни од животот, уморни сме од разочарувањата, повредите и предавствата на другите, уморни сме од нечовечкото однесување на кое луѓето се навикнати да ги решаваат работите.

Не сме уморни од животот туку од разочарувањата и повредите!

Уморни сме од самосожалување во кое се гледаме само како жртви на околностите без никаква можност самите да смениме нешто. Уморни сме од постојаните стравови дека ќе паднеме, ќе изгубиме, ќе бидеме изманипулирани, напуштени без можност да видиме подобро утре.

Не сме уморни од животот, уморни сме да се враќаме назад, постојано да гледаме во минатото, се сеќаваме на подобрите денови кои никогаш повеќе нема да се повторат.

Уморни сме од чувството дека секогаш ни недостасува нешто за да бидеме целосни, среќни и силни. Уморни сме од зборовите што сме ги кажале, а кои не ни донеле ништо добро; уморни сме да очекуваме дека утре животот ќе биде подобар.

Не сме уморни од животот, уморни сме да им докажуваме на другите дека сме во право, да ги докажуваме нашите идеи, соништа и убедувања. Уморни сме од чувството на инфериорност, недостатокот на лојалност кон себе, вознемиреноста, загриженоста и други чувства кои нè натераа да потонеме и да се запрашаме дали животот вреди да се живее. Уморни сме од повторување на истите грешки одново и одново без да ги научиме лекциите кои тие ни ги пружат.

Не ни е доста од животот, ние сме желни за живот, желни сме за тие убави чувства, желни за внимание, нежност, убави зборови, желни некој да каже дека нè сака. Сакаме да се потпреме на нечие рамо, да слушаме нечиј глас и да слушаме нечие срце бидејќи тоа е единственото нешто за кое вреди да се живее!

Доколку сакате да откриете како да го подобрите вашето ментално здравје, можеби ќе сакате да ги прочитате и 4-те правила кои ќе ви помогнат да го живеете животот онака како што вие посакувате.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар