Не седнувајте на вашиот кауч со нечисти алишта: Еве зошто треба да се преслечете веднаш штом стигнете дома
Обидете се само да замислите што сè би можело да се залепи на вашата облека во текот на денот, каде сè сте биле, на што сте седеле и со кого сте биле опкружени. Дали сте патувале со јавен превоз или сте седеле во некоја чекалница каде што не можете ни да претпоставите кој сè седел таму пред вас, колку се грижел за хигиената, колку често ја перел својата облека…
Имајќи го сè ова на ум, можете да разберете зошто е толку лошо да седите на каучот во вашата дневна со истата таа облека, или пак, уште полошо, да седнете на креветот во којшто спиете. Токму затоа и експертите за здравје советуваат веднаш да ја промените облеката што сте ја носеле надвор кога ќе влезете во вашиот дом.
„Луѓето постојано отфрлаат кожа, маснотии, пот, и уште многу нешта што се закачуваат на вашата или на туѓа облека. Всушност, секој човек во текот на денот отфрла околу 500 милиони клетки кожа и пот. Бактериите и микроорганизмите можат да преживеат и до неколку месеци на облеката во ваква околина“, објаснува д-р Филип Тиерно.
Доволно е само да се потпрете со раката на место што е заразено, и потоа да го допрете лицето за да си пренесете болест. Згора на сè, дури и новокупената облека може да биде преполна со бактерии, вируси и нечистотии, поради што морате да ја исперете пред воопшто да помислите да ја носите.
А што е со чевлите? Научниците од Факултетот Хјустон откриле дека на 40% од чевлите се наоѓаат голем број бактерии што се отпорни на антибиотици и можат да доведат до долготрајни болести. Овие бактерии најчесто преживуваат во тоалетите, на работните површини, на столиците како и на подот. Исто така, на земјата по којашто газиме може да се најде буквално сè што постои – од животински измет и хемикалии, до разни видови живи суштества што пренесуваат болести.
Овие носители на болести живеат и до неколку недели на чевлите, па нивното собување пред влезната врата може да ви помогне најбодро да го згаштите вашето здравје.
Дознајте и зошто никогаш повеќе не треба да ги перете вашите алишта на 30 степени.