Не сакате цветни дезени? Алтернативи со кои ќе го задржите пролетното шаренило во вашиот стил

Не сакате цветни дезени? Алтернативи со кои ќе го задржите пролетното шаренило во вашиот стил

Девојките дефинитивно се делат на оние кои сакаат шарени и весели комбинации, полни со боја и различни дезени и оние кои со задоволство избираат едноставна, еднобојна гардероба во нежни тонови. Ако и самите барем понекогаш сакате да експериментирате со стилот и вашите сведени комбинации да ги замените со малку повпечатливи, но шаренилото во вид на цветни дезени не ви примамливо, тогаш зошто не изберете нешто од овие алтернативи?

1-ne-sakate-cvetni-dezeni-eve-so-koi-dezeni-mozhete-da-gi-zamenite-www.kafepauza.mk_

1. Полка точки

Точките сами по себе звучат некако разиграно и весело, но секогаш можете да ја изберете онаа помирна варијанта во вид на класични црно-бели комбинации или макар комбинацијата на црни или бели точки и некоја друга боја која не отскокнува премногу. Така всушност спојувате две во едно, односно комбинација на боите што ги сакате и разиграност на стилот и дезените кои сакате да ги постигнете.

2-ne-sakate-cvetni-dezeni-eve-so-koi-dezeni-mozhete-da-gi-zamenite-www.kafepauza.mk_

2. Дезени во боја на виножито

Доколку сакате бои, но не во вид на цветови, тогаш зошто не би испробале линии во бои на виножито? Нека сите бои од спектарот на виножитото се најдат на вашата кошула или здолниште, а со нив можете да комбинирате некоја од боите кои веќе ги имате на себе или некоја помирна нијанса како што е на пример, црната или белата. На овој начин повторно на вашиот изглед му давате малку освежителни промени во вид на боја, а сепак ги задржувате вашите препознатливи и омилени монохроматски нијанси.

3-ne-sakate-cvetni-dezeni-eve-so-koi-dezeni-mozhete-da-gi-zamenite-www.kafepauza.mk_

3. Линии

Одличен избор е и комбинацијата со црно-бели линии кои можете да ги носите со едноставни црни или бели комбинации со фармерки. Освен тоа, со црно-белите линии одлично ќе се вклопат и боите како што се црвената, сината или зелената, па така лесно ќе можете да го освежите овој сведен спој и да добиете тренди комбинација на која сите ќе ви завидуваат. На заборавајте да додадете впечатлив аксесоар кој ќе допринесе на вашиот модерен, оригинален изглед.

4-ne-sakate-cvetni-dezeni-eve-so-koi-dezeni-mozhete-da-gi-zamenite-www.kafepauza.mk_

4. Геометриски шари

Ако сакате линии, сигурно ќе сакате и геометриски шари, бидејќи се уште покреативни, пооткачени и атрактивни. Буквално поиграјте си со вашата гардероба и комбинации и избирајте кругови, триаголници, квадрати и сè што ќе ви падне на памет или го имате во вашиот гардеробер. Повторно, ако избирате црно-бела варијанта, дополнете го вашиот изглед со ефективен накит и шминка, а доколку би носеле нешто малку повесело и обоено, тогаш немојте да претерувате со акесоарите.

5-ne-sakate-cvetni-dezeni-eve-so-koi-dezeni-mozhete-da-gi-zamenite-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар