„Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

„Не сакам да избирам кого повеќе го сакам“: 10 детски пораки до разведените родители

Разводот на родителите може да биде многу тешко и болно искуство за детето. Во него може да се појават низа емоции кои нема да знае како да ги изрази, а можеби и ќе се плаши да ги изрази за да не ги повреди своите родители. Затоа понекогаш полесно ќе се довери на психолозите од кои дознавме што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.

1-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_

Честопати слушаме дека луѓето остануваат во брак заради децата и многумина од нив тоа навистина го доживуваат така. Истражувањата веќе неколку години укажуваат на негативните последици на разводот врз децата, меѓутоа денес знаеме дека самиот чин на развод помалку им штети на најмалите отколку расправиите на родителите. Пријателскиот развод ќе биде подобар за детето од бракот на родителите кој е исполнет со расправии и насилство.

„Кога родителите ќе одлучат да се разведат, важно е таа вест заедно да му ја соопштат на детето и да го претстават разводот како одлука која ја донеле тие како возрасни луѓе, а врзана е исклучително за нивниот однос, без меѓусебни обвинувања пред детето“, истакнува психологот Миа Роја, од Поликлиниката за заштита на децата и младите на град Загреб.

На децата треба да им се нагласи (и повеќе пати, особено на помладите) дека тие никако не се виновни за разводот на родителите и дека не можат да направат ништо за родителите повторно да бидат заедно.

Исто така, важно е децата да слушнат дека и понатаму родителите подеднакво ги сакаат и дека тоа никогаш нема да се промени, иако ќе се променат многу работи во животот. Добро е да му објасните на детето што ќе се промени и на кој начин, за да му се овозможи структура и чувство на предвидливост.

Родителите може да очекуваат секаква реакција од своите деца, но најчесто тие се тажни и лути.

„Важно е децата да можат слободно да ги изразат своите емоции и родителите да им ја дадат потребната поддршка и утеха. Исто така, добро е повеќе пати да нагласат, а до тоа треба да се држат на вербално и невербално ниво, дека двајцата родители го поддржуваат односот на децата со другиот родител“, истакнува Миа Роја.

Но, често децата се срамат или се плашат да ги покажат чувствата и да им кажат на родителите што ги повредува, па стануваат тажни или лути. Некогаш и полесно ќе му се доверат на психологот, а магистерот по психологија Теа Кнежевиќ, открива што малечките сакаат да им кажат на своите разведени родители.

1. Знам дека помалку те слушам кога ќе се вратам од кај мама/тато, но потребно ми е време за повторно да се навикнам на тебе.

2. Некогаш ми е тешко да кажам дека ми било убаво кај мама/тато, бидејќи се плашам дека ќе те повредам.

3. Сега ми требаш малку повеќе од вообичаено.

4. Навистина ми е тешко кога зборуваш лошо за мама/тато.

5. Ти погрижи се за мене кога сум со тебе, а мама/тато ќе се погрижи кога сум со неа/него.

3-ne-sakam-da-izbiram-koj-povekje-go-sakam-10-detski-poraki-do-razvedenite-roditeli-www.kafepauza.mk_

6. Кога сум кај мама, ми недостига тато. А, кога сум кај тато, ми недостига мама.

7. Немој да ме прашуваш многу за мама/тато. Не знам што е подобро да кажам, а што не.

8. Нема потреба да ми сокриваш дека имаш нов/а партнер/ка. Јас го чувствувам тоа. Важно ми е само да знам дека и понатаму си тука за мене кога ќе ми бидеш потребен/потребна.

9. Не сакам многу детали од минатото, сакам да знам како ќе изгледа иднината.

10. Јас не сакам да избирам кого повеќе сакам, бидејќи ве сакам и двајцата.

Доколку минувате низ ова лошо животно искуство, погледнете како да ги заштитите децата за време и по разводот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар