Не пропуштајте да ја испробате најпопуларната модна комбинација за премин на сезоната
На летото полека му се ближи крајот и тоа е факт со кој едноставно треба да се помириме. За среќа, тука е модата која секогаш ги прави сите работи малку поубави, па така и доаѓањето на студените денови. Сега е вистинско време за мало модно експериментирање и мешање на летната и есенската гардероба, а постои една модна комбинација која моментално, но и секоја година во ова време, е најпопуларна помеѓу модните девојки.
Сигурно ќе се развеселите кога ќе слушните дека сите парчиња облека веќе ги имате во вашиот гардеробер, а за совршена комбинација за премин на сезоната ќе ви бидат потребни следните: вашите омилени тексас шорцеви или здолниште, обична бела блуза, сако (или кожна јакна, во зависност од вашиот стил) и летни обувки по ваш избор.
Сигурно сега ви е сѐ јасно, а ова иако делува како едноставна модна комбинација, таа е толку впечатлива што ќе посакате да ја носите многу подолго.
Преминете на следната страница за останатите модни совети…