Не постои совршена љубовна врска: Прифатете ја нејзината несовршеност!
Љубовните врски се како самиот живот, а сите знаеме дека животот е исполнет со постојани успеси и падови. Пловидбата по животната река не е воопшто мирна. Доколку некогаш сте биле во врска, тогаш знаете дека љубовните врски, исто како и животот, не се воопшто беспрекорни.
Нештата не одат секогаш по планот. Партнерот понекогаш не постапува онака како што ние мислиме дека би требало. Постојат одредени очекувања што сите ги имаме во врската, но постојат и разочарувања. Од една страна се наоѓа нашата идеализирана слика за партнерот, а од друга страна пак, нѐ прогонува не толку совршената реалност. За многу парови, разликата помеѓу она во кое се надевале и она што го добиле е огромна и малкумина можат да се носат со тоа разочарување.
Меѓутоа, важно е да се запамети дека врските, исто како и сѐ друго во животот, постојано се менуваат и тоа е сосема нормално. Треба да најдете начин да ги совладате предизвиците и разочарувањата во врската. Тоа понекогаш е навистина тешко да се направи, особено во моменти кога постојано се карате со партнерот поради различните очекувања што сте ги имале. Сигурно сте се чувствувале безнадежно во такви ситуации. Но, не треба да заборавите дека двајца луѓе можат да успеат, ако навистина сакаат.
Во случај кога партнерите не се посветени и не сакаат да вложат труд за да го поправат односот, нема да можат да пронајдат заеднички јазик и да ја подобрат врската. Двајца луѓе не можат да останат заедно доколку не се подготвени на компромис, одбиваат да ја напуштат нивната удобна зона и не сакаат да ги погледнат работите од друг аспект.
Најтешко е кога сѐ оди одлично и одеднаш, без предупредување, се појавува некакво разочарување. Тоа е многу потешко од случајот кога уште на почетокот работите не оделе толку добро. Понекогаш, падовите во врската се многу поболни поради претходните успеси. Но, само затоа што се чувствувате тажни и обесхрабрени во одреден момент, не мора да значи дека и утре ќе се чувствувате на истиот начин. Само затоа што сте наишле на некоја препрека во врската, не значи дека сте осудени на пропаст. Сите ние се соочуваме со одредени проблеми во текот на животот. Истото важи и за врските.
Без разлика низ што минувате моментално со партнерот, ќе ве очекуваат уште многу прекрасни денови, ако го дозволите нивното доаѓање.
„Да немавме зима, пролетта немаше да биде толку прекрасна. Кога одвреме-навреме не би го чувствувале вкусот на несреќата, успехот не би бил толку добредојден.“ – Ен Бредстрит
Поентата е дека мора да искусите негативни работи за да ги цените позитивните. Доколку не успеете да ги поправите работите, не заборавајте дека таму каде што се затвора една врата, се отвора друга.
Во животот постојано мора да се менуваме и да одиме напред. Слично на тоа, срцето може да ја издржи болката од кршењето и да се обнови повторно. Искористете го животот за да живеете и љубите со полни гради. Животот и врските никогаш нема да бидат совршени. Ако ја прифатите нивната несовршеност, ќе можете да живеете и сакате со сето ваше срце.
Прочитајте ги и овие 10 сурови вистини за љубовта кои треба да ги прифатите.