Не постои погрешно време, постојат само луѓе кои не сакаат да се потрудат доволно
Денес „тајмингот“ е главната причина зошто повеќето врски се распаѓаат, зошто љубовните состаноци одеднаш престануваат и зошто луѓето си заминуваат без збор. Постојано го слушаме изразот „погрешно време“, но што подразбира всушност „вистинското време“? Вистината е дека коцките никогаш не се поклопуваат совршено, никогаш ништо не оди како подмачкано, особено кога станува збор за љубовта.
Тајмингот е секогаш хаотичен. Тајмингот никогаш не е совршен, туку непостојан. Не може да биде постојано добро ниту, пак, постојано лошо. Можеби не постои такво нешто како „погрешно време“. Можеби постојат погрешни луѓе. Можеби го користиме тајмингот како изговор кога не сме сигурни во врска со нашите чувства, кога не сакаме да понесеме некого на нашето патување и наместо тоа го оставаме среде пустелија.
Можеби зборуваме за тајминг кога се плашиме да се соочиме со самите себе, со нашите чувства и не сакаме да им дозволиме на луѓето да го дознаат она што се обидуваме да го скриеме од светот.
Вистината е дека некои луѓе успеваат да го претворат погрешното време во вистинско. Тие луѓе ја прават далечината поблиска, а патувањето побезбедно. Тие ги олеснуваат тешките времиња и ни помагаат да се подготвиме за претстојните предизвици.
Погрешното време се претвора во вистинско кога ќе сретнеме личност која ќе нѐ заинтересира, ќе нѐ насмее, ќе ни ја врати вербата и ќе ни покаже како да љубиме повторно. Околностите никогаш нема да бидат совршени за започнување нова врска, затоа што секогаш ќе постојат некакви пречки на патот, но важно е да знаете дека секогаш постојат и начини да успеете. Секогаш постои начин да воспоставите рамнотежа, да се најдете на половина пат и да направите компромис.
Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, тајмингот ќе биде последното нешто што ќе ве загрижува. Кога ќе се појави таа личност, ќе ви покаже дека тајмингот е безначаен.
Кога одредени поединци ви кажат дека се работи за погрешно време, она што се крие зад тие зборови е неволноста на овие луѓе да вложат труд. Она што тие го велат е дека им е тешко и дека не сакаат да се потрудат за да ги олеснат работите. Тие се откажуваат уште пред да се обидат.
Можеби не постои погрешно време, туку погрешни луѓе кои не сакаат да се потрудат за да го претворат погрешното време во вистинско. Тајмингот е како животот. Тој не ги услужува оние кои се подготвени, туку оние кои се трудат без разлика дали се работи за погрешно или за вистинско време.
Прочитајте и што се случува кога ќе запознаете вистинската личност 10 години предвреме.