Не плашете се да побарате помош

Не плашете се да побарате помош

Во себеподобрувањето, постои мит коj укажува на тоа дека треба „сè да направите сами“. И покрај тоа што ова размислување се одликува со огромна самостојност и самодоверба, сепак понекогаш на секој од нас ни е потребна мала помош од најблиските. Не плашете се да побарате помошНашите врски и луѓето со кои сме секојдневно опкружени често нè дефинираат кои сме во нашите мисли и тела. Пријателот кој нè поддржува и кој ни помага, на крајот од денот нè прави подобар човек. И токму тоа е тоа што треба да се прифати и почитува. Најуспешните и најсреќните луѓе во светот ја сфаќаат едноставната важност на овие позитивни врски. Тие сфаќаат дека сите во светот имаат проблеми, но само оние кои се подготвени да признаат дека имаат потреба од помош, се оние кои најдобро се снаоѓаат со предизвиците на животот.

Не смеете да се плашите да побарате помош кога работите ќе почнат да ви бегаат од контрола. Секогаш постојат граници, ние едноставно не можеме да посветиме бесконечно време и енергија на сè и поради тоа понекогаш навистина ни е потребно барем уште една „рака“ од најблиските. Дали вие барате помош од пријатели, роднини или соработници кога ви е потребна? Дали тие се подготвени да ви помогнат или ве одбиваат? Дали ја возвраќате помошта која ви била овозможена?

Секој од вас мора да си ги постави овие прашања. Тие ќе ви помогнат да ги идентификувате оние врски во вашиот живот кои ви се најпотребни. „Помошта“ игра огромна улога во нашите односи со другите луѓе. Доколку повеќе го почитувате вашиот круг на најблиски, ќе сфатите дека тоа ќе влијае при подобрување на вашата работа, личните цели и општото задоволство од животот. Има некои работи кои едноставно никогаш не би ги постигнале доколку сте сами.

Сите ние сме заслепени од илузијата на самостојноста и независноста, па поради тоа мораме да бидеме многу внимателни на тоа поле. Кога животот ќе стане хаос, понекогаш барањето помош од другите може да биде најдобриот извор на созревање и цврстина. Доколку имате силна и здрава „социјална мрежа“ тогаш ќе имате поголем избор на ресурси кога ќе ви биде потребно насочување или помош. Но, не заборавајте. Потребно е и вие да бидете достапни за нив, исто толку колку што и тие се достапни за вас кога најмногу ви требаат.

И за крај, не потценувајте ја важноста на врските кои ви пружаат поддршка и помош. За многу луѓе, тоа претставува одлучувачки фактор помеѓу шансата за растење и стагнацијата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар