Не можете да згрешите: Мини чизкејк што се подготвува за 5 минути

Не можете да згрешите: Мини чизкејк што се подготвува за 5 минути

Чизкејк готов за 5 минути? Да, тоа е тоа што го бараме!

Не можете да згрешите: Мини чизкејк што се подготвува за 5 минути

Потребни состојки:
  • 3 парчиња бисквити по ваша желба
  • 1 супена лажица растопен путер
  • 1 мало јајце
  • 50 грама крем сирење
  • 2 супени лажици јогурт
  • 1 супена лажица шеќер
  • Масло за премачкување
  • Шумско овошје за декорација
Начин на подготовка:

Здробете ги бисквитите на ситни трошки. Земете шолја што може да се користи за микробранова печка и премачкајте ја со масло. Ставете ги здробените бисквити во неа и потоа прелијте ги со стопениот путер. Со помош на прсти или лажица, притиснете ги бисквитите на дното.

Изматете го јајцето и додајте го во него крем сирот, јогуртот и шеќерот, па добро измешајте. Префрлете ја смесата во шолјата со бисквитите, па ставете ја во микробранова печка на висока температура и печете околу 60 секунди или сè додека површината на мини чизкејкот не стане цврста.

Извадете ја мини тортичката од микробрановата печка и оставете ја да се олади на собна температура. Потоа внимателно одвојте ја од шолјата, префрлете ја на чинија и ставете ја во фрижидер на ладење.

Дополнителен совет: Оладениот чизкејк може да се декорира со свежо овошје или да се надополни со прелив од шумско овошје.

Ви се допадна овој рецепт? Пробајте го и овој чизкејк со малини што не се пече!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар