Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

Во текот на животот наидувате на различни предизвици и препреки, а многу од нив оставаат трага врз вас. Тоа придонесува и за зачестено присуство на стресот, особено доколку не сте подготвени за промени. Во такви случаи важно е да работите на издржливоста.

Не можете да се справите со стресот и проблемите? Еве како да станете поиздржливи!

Издржливоста е способност за оптимално прилагодување на неволјите, повредите или екстремниот стрес. Иако одредени фактори може да ги направат некои луѓе поотпорни од другите, издржливоста не е особина на личноста што ја поседуваат само неколкумина. Таа се состои од одредени однесувања, мисли и постапки кои секој може да ги научи и развие. Прочитајте за дел од нив во продолжение:

1. Изградете значајни односи

Дајте им приоритет на вашите врски. Дружењето со емпатични и позитивни луѓе кои ве разбираат и прифаќаат ќе ви даде до знаење дека не сте сами. Насочете ја вашата енергија кон доверливи и пријателски луѓе кои ви возвраќаат на вашите чувства и на кои можете да се потпрете. Ова ќе ви помогне да ја развиете и зајакнете вашата издржливост.

2. Грижете се за вашата психофизичка благосостојба

Грижата за себе вклучува одржување и на менталното, а не само на физичкото здравје. Примената на позитивни ставови како што се правилно јадење, доволно спиење и редовно вежбање може да му помогне на телото да се прилагоди на стресот и да ги намали ефектите од негативните емоции. Вежбањето и шетањето во природа може да ви помогнат да се поврзете со другите и да ја зголемите сопствената издржливост.

3. Запрашајте се дали ви е важно она што го правите и она што го доживувате

Помагајте им на другите – без разлика дали волонтирате во локално засолниште за бездомници или само му помагате на пријател на кој му е потребна помош, ова ќе ви даде чувство за цел, ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе ви помогне да се поврзете со другите. Поставете си реални цели и секој ден правете нешто што ќе ве доближи до остварувањето на вашите цели.

4. Побарајте помош кога ви е потребна

Еден од најважните знаци дека сте издржливи е фактот дека не се срамите да побарате помош кога ви е потребна. Имајте на ум дека терапевтот, психологот, тренерот или менторот може да ви помогне да ја развиете вистинската стратегија за да продолжите напред.

Откако ги прочитавте нашите совети за зацврстување на издржливоста, можеби ќе сакате да прочитате и како да им помогнете на оние кои се жртва на емоционална злоупотреба.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар