Не можете да изгубите пријатели, можете само да дознаете кои се вистинските

Не можете да изгубите пријатели, можете само да дознаете кои се вистинските

Во средно училиште, вредноста на човекот се мери според бројот на пријатели. Колку е поголем бројот на пријатели, толку поголеми сте и вие самите. Но, по завршувањето на факултетот, ова размислување се менува. Луѓето се вработуваат, имаат други приоритети и широките кругови на пријатели стануваат дел од минатото. Губењето пријатели може да боли исто толку колку и скршеното срце.

Не можете да изгубите пријатели, можете само да дознаете кои се вистинските

Некои пријателства едноставно треба да избледат, но ние честопати наместо да ги оставиме да избледат, го форсираме нивното постоење. Истото токсично однесување кое сме го поднесувале во средно училиште, дозволуваме да се провлече и во нашиот живот како возрасни луѓе. Бараме изговори, бидејќи сме свикнале на таквото пријателство и се плашиме од промени.

Им дозволуваме на лошите пријатели да останат во нашиот живот, затоа што тоа е многу полесно од одлуката да ги отфрлиме. Но, како што созреваме, нашиот начин на живот се менува. Приоритетите се менуваат и учиме што значи да се ставиме себеси на прво место. Постои едно основно животно правило што сите го забораваме: Можеме да правиме што сакаме!

Имаме право да одбереме кој ќе биде дел од нашиот живот, а кој не. Смееме да блокираме броеви, да бришеме пријатели и да ги игнорираме луѓето кои ни влијаат лошо. Никому не му должиме никакви објаснувања и во никој случај не мора да останеме заглавени во нефункционално пријателство во име на годините изминати заедно.

Доколку забележите дека полека ги губите пријателите од вашиот живот, размислете колку сте се промениле во последно време. Дали сте почнале да се занимавате со ново хоби? Дали работите повеќе, а пиете помалку? Дали го правите она што го сакате, но некои од вашите пријатели не можат да ве разберат? На некој начин, вие сте самите виновни за таа ситуација, но во најголема мера работите зависат од нив.

Можеби ќе поминете низ тежок период кога ќе имате чувство дека вашиот круг на пријатели го сочинуваат само мајка ви и вашата мачка, но ќе најдете друштво повторно. Зар не би сакале да имате вистински пријатели кои ќе ве поддржат, наместо пријатели кои нема да останат во ваша близина кога ќе почнете да напредувате во животот?

Не се вознемирувајте и во никој случај не ги форсирајте. Доколку луѓето самите полека се отстрануваат од вашиот живот затоа што конечно сте научиле да се сакате себеси, дозволете им да го направат тоа. Вистинските пријатели секогаш ќе останат до вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Mnm Reply

    Edna od retkite OK statii na ovaa avtorka …

Остави коментар