Не можете да имате подобро минато, вие сте направиле сѐ што било во ваша можност!

Не можете да имате подобро минато, вие сте направиле сѐ што било во ваша можност!

Наместо да се жалите, насочете ги вашите мисли кон љубовта и дозволете им на вашите дела да произлегуваат од таа љубов. Минатото е завршено, вие не сте повеќе истата личност. Не обвинувајте се за она што (не) сте требале да го направите тогаш. Вежбајте да се ослободите од стравот и вината и истите да ги заменете со љубов, простување и добрина.

Не можете да имате подобро минато, вие сте направиле сѐ што било во ваша можност!

Ако се чувствувате виновни поради нешто од вашето минато, потсетете се дека со тоа само си предизвикувате неволји во вашиот живот. Ако постојано се обвинувате, вие ќе ја изгубите вашата ментална енергија. Оставете го она што се случило да стои во минатото, тоа завршило и ве научило на некоја животна лекција. Ако ја исполнувате сегашноста со вина поради минатото, тоа е само уште еден од начините да се држите настрана од моментот во кој треба да живеете. Посветете се на сегашноста и ослободете се од вината за минатото. Само една мисла ве дели од тоа. Ако пораките од минатото не ви донеле мир и среќа, тогаш минатото ве научило на погрешни лекции. Бидете во мир со себе, а која било мисла што ве оддалечува од тоа, треба што побрзо да ја отфрлите, без оглед на сѐ друго. Ако нешто не ви носи мир, тогаш не ви ни треба во вашиот живот!

Размислете за можноста за целосно бришење на минатото и обидете се да живеете во сегашниот момент. Кога ќе престанете да се потпирате на работите кои некогаш ви се случувале и ви го дефинирале животот, вие ќе пронајдете нова слобода. Ослободете се од сите оние етикети кои ви кажуваат што сте. Едноставно избришете го минатото и обидете се да живеете во денешниот ден. Наместо да го проколнувате своето минато, благословете го и целосно простете си. Кога ќе сфатите дека тие искуства се дел од вашиот живот, вие ќе можете да живеете слободно и да зачекорите кон иднината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар