Не можете да ги натерате другите да ве сакаат
Ако постојано се прашувате „Зошто другите не ме сакаат?“ и „Што не е во ред со мене?“, вистината е дека не е секогаш до вас. Не се доведувајте себеси во прашање. Не е дека сте направиле или кажале нешто лошо. Не е дека сте ги оттргнале од вас. Тие едноставно не сакаат да бидат дел од вашиот живот. И тоа боли. Силно и неподносливо боли.
Се прашувате дали сте кажале повеќе, или помалку отколку што е потребно. Можеби требало да бидете поупорни или поопуштени? Поотворени или посуптилни? Само да бевте токму она што тој некој го бараат од вас, дури и ако тоа значи да направите промена кај себе.
Потребно е да се запрашате зошто сакате некој кој не сака да биде со автентична, оригинална верзија на себеси на која работите напорно секој ден? Одговорот е дека оваа личност ви се премногу драга, па сте подготвени да направите сè за неа. Чувствата предизвикуваат да се прават непромислени работи. Чувството на поврзаност може да поттикне да верувате дека мора да се стори сè за да се оддржи тоа чувство.
Сепак, запрашајте се, зошто сакате некој кој не сака да биде со вас? Затоа што можете да се смените? Што ако станете личноста која ја бараат? Што тогаш? Таа личност не сте вие, тоа е идеја. Тоа значи дека ќе треба да ја одружувате таа идеја онолку долго колку што сте со таа личност. Тоа значи дека го поминувате секој момент со неа со неможност да бидете свои.
Мислите ли дека можете да се преправате дека сте поинакви, сè додека не ја почувствувате личноста доволно блиска па да ја дознае вистината, и потоа да бидете такви какви што отсекогаш сте биле? Тоа нема да потрае. Тој нема да остане. Размислете, тој можеби нема да остане и доколку продолжите со лажната верзија од себеси, тој можеби ќе одлучи да бара нешто поразлично.
Ги сакаме луѓето затоа што тие прават да почувствуваме нешто неверојатно. Тие ги исполнуваат нашите мисли и срцето и секој го посакува тоа. Но, сепак се очекува подготвеност да се стори сè за да се задржи другиот. Но, добра вест е дека има милијарди луѓе на оваа планета. Вие не сте запознале ни дел од нив. Таа личност можеби не ве сака, но тоа не значи дека вината е во вас.
Не можете да го натерате да ве сака. Едноставно не можете. Можеби тој има свои проблеми. Можеби не е подготвен да ве прифати такви какви што сте. Можеби не сте тоа што нему му е потребно. Можеби тој едноставно има различен вкус, но тоа не е знак дека вам нешто ви недостасува или дека треба да се промените. И доколку тој не сака да биде со вас, не е крај на светот.
Во секој случај, чувството е ужасно, но дозволено е да се почувствувате повредено. Дозволено е да бидете тажни. Дозволено е да посакувате работите да бидат поинакви. Дозволено ви е да посакувате да ве сакаат. Тоа не е кривично дело. Тоа не е грев.
Но, исто така, мора да ја погледнете и другата страна, да сфатете дека ова не значи дека не сте достојни за љубов. Ова не значи дека сте непожелни. Дека сте немоќни. Не можете да дозволите таа личност да диктира како да се гледате себеси до крајот на животот. Тој е само човек, а не бог. Тоа не значи крај на вашата среќа. Тој не е единствената можност за да бидете во врска и да доживеете љубов и радост. Постои негде некој друг кој ќе ве сака баш онакви какви што сте. Ќе го сретнете. Го имате целиот живот пред себе, зошто да го поминете со некој за кој не вреди да си го губите времето? Вие не можете да го натерате да ве сака, но верувајте дека еден ден нема ни да го посакувате тоа.
Можеби сакате да прочитате и што покажува редоследот на раѓање за вашиот љубовен живот?