Не можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвот

Не можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвот

Фактот дека мажите почесто доживуваат оргазам од жените не е никаква тајна. Најновото истражување во кое учествувале 52.000 испитаници го потврдило истото. Имено, 95% од хетеросексуалните мажи одговориле дека доживуваат оргазам секогаш или речиси секогаш за време на сексуалниот чин. Но, само 65% од хетеросексуалните жени изјавиле дека го доживуваат истото.

Не можете да доживеете оргазам? Овој план од 3 чекори ќе ви помогне да го достигнете врвот

Без грижи! Експертите откриле дека постои една „златна тројка“ на движења кои значително ги зголемуваат шансите за оргазам кај жените. Станува збор за генитална стимулација, страсно бакнување и орален секс.

Ако ова ви се чини како премногу работа, оралниот секс сам по себе игра голема улога во доживувањето максимално сексуално задоволство. Според истражувањето, луѓето кои почесто биле орално задоволувани, почесто доживувале оргазам. Освен тоа, единствено хетеросексуалните мажи изјавиле дека оргазмот не им зависи од оралниот секс.

Доколку имате проблем да го достигнете врвот кога имате сексуални односи, применете ги овие совети и не срамете се да го побарате она што го сакате. Ако сепак не успеете да доживеете максимално уживање, обидете се со овие 5 чекори до оргазам кој никогаш нема да го заборавите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар