Не ја барајте вашата сродна душа, барајте го вашиот животен партнер

Не ја барајте вашата сродна душа, барајте го вашиот животен партнер

Зборовите „сродна душа“ треба да предизвикуваат чувства на среќа и љубов. Чувство на благодарност и возбуда што сме ја пронашле личноста која ни е судена. Чувство на удобност и благосостојба.

Не ја барајте вашата сродна душа, барајте го вашиот животен партнер

Но, понекогаш овие зборови како да го предизвикуваат токму спротивното. Се чини како само да создаваат чувство на нервоза. Причината за тоа е што чувствуваме притисок да ја најдеме таа совршена љубов од бајките. Преплавени сме со приказни за луѓе кои го поминуваат целиот свет за нивните сакани и за луѓе кои се целосно различни едни од други, но остануваат заедно затоа што нивната љубов е ете толку многу силна.

Зборовите „сродна душа“ предизвикуваат паника затоа што поради нив мислиме дека треба да бидеме дел од романса во која ќе се гледаме очи во очи со партнерот и ќе си кажуваме работи кои се речиси исто толку убави колку приказната што постои за нас. Ја знаете онаа приказна во која мажот трча на аеродром за да ја стигне неговата сакана пред да полета авионот и тие се бакнуваат додека сите присутни ракоплескаат. Или, пак, онаа во која се бакнувате на силниот дожд и тогаш тој ви кажува нешто што звучи совршено. Зборовите „сродна душа“ ги подразбираат сите овие работи.

Живееме во заблуда дека треба да ја пронајдеме нашата сродна душа, но она што треба да го пронајдеме е вистинскиот човек за нас. Нашиот животен партнер.

Не ја барајте вашата сродна душа, барајте го вашиот животен партнер

Оној кој ќе нѐ сака и кога косата нема да ни биде измиена, кој ќе може да нѐ насмее дури и кога сме му лути, оној кој ќе сака да останеме дома во сабота вечер и да не правиме апсолутно ништо.

Оној на кого целосно ќе му се сплетка јазикот додека се обидува да каже „Те сакам“, што ќе го направи целиот момент уште посовршен и позначаен. Оној кој ќе ни се јави во вистинскиот момент и кој ќе направи да се вљубиме уште повеќе откако ќе ги открие неговите недостатоци, бидејќи тоа ќе нѐ потсети дека и тој е само едно обично човечко битие кое ни верува доволно за да ни се отвори и довери.

Тоа се вистинските романтични работи, оние секојдневни, обични, човечки ситуации кои се случуваат постојано и кои навистина постојат за разлика од оние совршено претставени романтични филмски сцени.

Секој може да се вљуби во сродна душа. Сродните души се мистериозни и совршени суштества кои никогаш не делуваат несигурно и збунето. Но, љубовта кон личност која може да ве насмее и покрај сите негативни работи на кои сме сведоци во секојдневниот живот? Тоа е реткост. Тоа е посебно. И тоа нешто со кое ниту една љубовна приказна не може да се рамни. Тоа е она вистинското.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар