Не губете време – 5 работи кои можете да ги правите додека се фенирате
Секоја вработена девојка знае дека мултитаскингот е многу важен за квалитетна организација на денот. Немојте да прескокнувате чекори во вашите третмани за убавина заради недостаток на време, туку пронајдете ги задачите кои совршено се надополнуваат. Ви даваме 5 идеи за разубавување кои можете да ги правите додека ја сушите косата.
1. Вежбајте го задникот
Додека се сушите со фенот, ритмички стегајте го и отпуштајте го газот. Тоа не бара помрднување од местото, па нема да ви се одрази на правењето на фризурата, а вашето тело ќе изгледа многу подобро во костим за капење ова лето.
2. Исчистете го лицето од митесери
Секако, нанесувањето маска или хранлива крема пред сушење не доаѓа предвид, но ова е совршен момент да налепите траки за чистење на порите од митесери на носот, челото и брадата.
3. Избелете ги забите
Уште еден потег кој не бара помрднување, а вашиот изглед ќе го направи многу подобар. Нанесете траки за избелување на забите и почнете да се фенирате. За половина час ќе имате убава фризура и блескави заби.
4. Исушете го педикирот
Пред да почнете да се фенирате, направете педикир, налакирајте ги ноктите и облечете апостолки. За време на фризирањето, ноктите добро ќе се исушат, па ќе ја избегнете добро познатата катастрофа „лак на новите чевли“.
5. Разубавете си ги нозете или целото тело
Намачкајте крема за самопотемнување. Таа треба добро да се исуши по нанесувањето, но ретко кој има време и трпение да стои така во купатилото. Додека чекате да ви се исуши кремата, сушете ја косата, а кога ќе бидете готови, ќе имате две нови нешта на себе – фризура и тен.