Не ги фрлајте остатоците од славската трпеза: Еве како да ги искористите
Во наредниот период има голем број слави, па добро е да знаете што да правите со храната што останува на трпезата. Најдобро е да подготвите онолку храна колку што ќе имате гости за потоа да не ја фрлате.
Постојат некои препораки што треба да ги следите за да ја чувате храната правилно. Треба да знаете која храна можете да ја замрзнете, а која не. Не треба да замрзнувате салати, како што е зелената салата, ниту пак јадења приготвени со макарони. Не ја чувајте оваа храна ако сакате да спречите труење.
Што се однесува до киселите краставички, тие можат повторно да се вратат во теглата, но само ако претходно не биле во масло или во допир со некои преливи, како што е мајонезот.
Печеното месо може да се замрзне и можете да го чувате во замрзнувачот два до три месеци. Но, треба да го ставите во замрзнувач веќе следниот ден од славата. Можете да ги чувате и сувомеснатите производи и подоцна да ги искористите за топли сендвичи или за пица.
Во замрзнувачот можете да ги чувате и сармата и колачите, но треба да ги изедете веднаш штом ќе се одмрзнат и да не ги замрзнувате по втор пат.
Печеното месо се јаде ладно или малку загреано, но не како додаток во супа бидејќи го менува вкусот. По одмрзнувањето, сармата исто така треба да биде подготвена за сервирање, без додавање вода затоа што секој нов третман на храната го менува нејзиниот хемиски состав и ја прави поподложна на бактерии.
Исто така, треба да бидете внимателни и со колачите, особено со десерти преполнети со шлаг. Ако ви останат колачи од славата, ставете ги во замрзнувач и кога ќе одлучите да ги јадете, направете го тоа веднаш по одмрзнувањето.
Следува период со многу празници и слави, па ако не сакате да ја зголемите вашата телесна тежина, прочитајте како да го спречите дебелеењето за време на празниците.