Претходно
Не фрлајте ја кората од мандарини – ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото!
Датум: 26 окт 2015
Коментари: 0
Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а во домот имате мандарини кои се непрскани, од нивната кора можете да направите одличен лек.
Еве што треба да направите доколку сакате да ја искористите кората на мандарината како лек:
- Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла.
- Измелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40% алкохол.
- Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои една недела на темно.
- Земајте по една лажичка после јадење, а потоа каснувајте по една лажичка мед.
А ова се останатите причини поради кои мандарините се одлични:
- Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама од ова овошје има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а е богато со влакна кои го подобруваат варењето.
- Мандарините се добри за видот и за добивање кадифена кожа, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс. Можете да ги консумирате заедно со јаболка, круши или јаткасто овошје.
- Доколку сте добри во кујната, може да направите сос од мандарини, кој можете да го послужите со месо или како прелив за салата.