Не фрлајте ја кората од банана! Употребете ја

Не фрлајте ја кората од банана! Употребете ја

Знаеме дека бананите се полни со хранливи материи, и несомнено имаат фантастичен вкус, заради што се омиленото овошје на многумина. Но, дали сте знаеле дека и кората од банана може да се искористи за разни намени? Еве како:

Не фрлајте ја кората од банана! Употребете ја

1. Полирање на чевлите. Тријте ги со внатрешната страна на кората, а потоа пребришете ги со мека крпа.

2. Омекнување на месото. Додајте кора од зрела банана додека го печете месото за да остане меко и сочно.

3. Нахранете ги ружите. Кората е богата со калциум и магнезиум што е добро како храна за цвеќињата. Оставете кора покрај коренот.

4. Ублажете го црвенилото и чешањето. Протријте ја внатрешната страна на кората на местото каде што ве каснал инсект или имате исушена кожа. Тоа ќе го намали црвенилото и ќе го ублажи чешањето.

5. Сјајни цвеќиња. Пребришете ги листовите на цвеќињата со внатрешната страна на кората.

6. Полирање сребро. Измиксајте кора од банана со вода и мешавината ставете ја на мека крпа. Исполирајте го среброто со неа.

7. Избркајте ги растителните вошки. Поставете кора од банана во вашата градина или бавча за да ги избркате непосакуваните штетници.

8. Полирање кожа. Протријте го кожниот мебел или кожните парчиња облека со внатрешната страна од бананата и потоа пребришете со мека крпа.

9. Избелете си ги забите. Протривајте ги забите со внатрешната страна од кората околу 2 минути на секое миење. Манганот, магнезиумот и калиумот добро делуваат за избелување на забите.

10. Модрици и гребаници. Кога се протрива на рани, калиумот од карата помага во процесот на зараснување.

11. Отстранете ги брадавиците. Ставете парче кора од банана врз местото каде што имате брадавица и зацврстете го со леплива трака. Оставете да делува преку ноќ. Калиумот ќе ја отстрани брадавицата и ќе спречи повторно да избие.

12. Лесно отстранете трн. Ставете парче кора и прицврстете ја со леплива трака каде што имате трн. Природните ензими ќе го олеснат отстранувањето.

13. Збогатете ја водата за наводнување на растенијата. Ставете кора од банана во сад со вода и оставете ја така да отстои. Кога ќе сакате да ги полевате цвеќињата, измешајте од таа вода со обична во размер 1:5.

14. Лечете ги акните. Протривајте со внатрешната страна на кората на местата каде што имате мозолчиња околу 10 минути. Остатоците на лицето оставете ги што подолго. Најдобро би било да се измиете пред да си легнете. Повторувајте ја постапката секој ден додека не ви се исчисти лицето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар