Не фрлајте ги овенатите ружи: Направете домашна купка за врвно задоволство

Не фрлајте ги овенатите ружи: Направете домашна купка за врвно задоволство

Зарем постои жена која не се радува на букет прекрасни ружи? Ние ги чуваме, им менуваме вода, па дури и им ставаме шеќер за подолго да „траат“, но животот на секоја ружа секогаш завршува исто – во корпата за отпадоци. Имајќи го тоа на ум, што ако ви кажеме дека вие би можеле со помош на овенатите ливчиња да направите миризлива купка за бањање?

Не фрлајте ги овенатите ружи: Направете домашна купка за врвно задоволство

Процесот е многу едноставен. Скинете ги лисјата од ружата, ставете ги во тегла и додајте 200 грама крупна морска сол. Добро затворете ја теглата и протресете со цел рамномерно да се распространат и оставете ја да отстои на топло место околу 20-тина денови. Во текот на тоа време, солта ќе ја извлече сета ароматична материја од лисјата и подоцна можете да ја користите како купка. Вашата кожа не само што ќе мириса прекрасно, туку ќе стане и толку нежна што нема да можете да си поверувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар