Не е виновна лошата карма: 4 причини зошто љубовта бега од вас
Доколку постојано сте затворени во вашата емоционално безбедна зона, особено ако неодамна сте биле многу повредени, разочарани или скршени, тоа нема да ве изведе на правилниот пат. Токму затоа и постојат големи шанси дека несвесно да правите грешки со кои ја туркате љубовта од себе. Еве кои се најчестите 4 од нив…
1. Сè уште живеете во минатото
Сè додека размислувате за вашиот бивш партнер или пак, можеби активно ги следите неговите профили на социјалните мрежи и ги посетувате оние места на кои верувате дека би можеле да го сретнете, вие не сте отворени за нови познанства кои би можеле да ве одведат и кон нова љубов. Ако вие и вашиот бивш партнер сте завршена приказна, тогаш максимално оддалечете се од неговиот живот и отфрлете го целиот емоционален багаж кој сè уште го влечете зад себе.
2. Се плашите да се отворите
Можеби ви изгледа привлечно да се затворите во вашата удобна зона, но на тој начин вие всушност се осудувате на осаменост. Во сите оние моменти каде што се трудите да не бидете ранливи, вие индиректно искажувате срам од своите потреби и желби, а со тоа го поддржувате и одбранбениот ѕид кој дури ни најупорните не би можеле да го пробијат. Не, не постои гаранција дека никогаш повеќе нема да бидете повредени, но сè додека не пуштате никого во вашето срце, вие нема да можете да најдете внатрешен мир.
3. Премногу се водите според разумот, а премалку според срцето
Многу е важно да го одберете личност според одредени критериуми, но едно е да трагате по овие квалитети, а нешто сосема друго е да го отфрлите потенцијалниот партнер поради ирационални стравови како оние дека нема да можете да најдете баланс помеѓу љубовниот, социјалниот и професионалниот живот. Ако налетате на вистинскиот кој е вреден за вашето време и труд, ќе сфатите дека тој исто така може да покаже и длабоко разбирање за сите ваши грижи.
4. Се обвинувате себеси за неуспешните врски
Сите ние се справуваме со раскинувањето на различен начин. Некои луѓе лесно се враќаат назад во својот живот, признавајќи дека едноставно тоа било тоа и немало што да се направи за нештата да тргнат во друга насока. Но, постојат и луѓе кои за секоја пропадната врска се обвинуваат исклучиво себеси. Експертите се согласуваат дека на ова однесување се посклони оние кои имале тешко детство и кои биле емоционално злоупотребувани, иако тоа не е секогаш правило. Тоа што мора да го имате на ум е дека за која било врска да биде успешна, потребно е и двете страни подеднакво да се трудат.