Не е ваша работа да си кажувате себеси „НЕ“
Многу луѓе имаат навика постојано да се спречуваат во остварувањето на своите желби, притоа повторувајќи си дека не се достојни за тоа. Сите имаат моменти кога се сомневаат во себе, но тоа не треба да претставува пречка за да продолжат понатаму. Велејќи си себеси дека сте премногу стари, премногу млади или неискусни, само ве оддалечува од можностите кои ви се нудат. Кога ќе сфатите дека повеќето работи зависат само од вас, нема да се откажувате толку лесно. Еве како да го постигнете тоа.
Не откажувајте се уште првиот пат штом слушнете „не“
Повеќето луѓе не сакаат да преземаат никакви нови работи, со цел да го избегнат неуспехот. Познатите личности велат и прават многу работи за да ги покријат скандалите, а од една страна, тоа е природно затоа што никој не сака да доживува неуспеси. Но, дали треба да се откажете од своите идеи веднаш штом ќе добиете негативен повратен одговор? Кога ќе слушнете „не“ тоа не мора да значи дека нешто е сосема невозможно или дека никогаш нема да успеете во тоа. Честопати тоа може да значи „не во овој момент“ или „не на овој начин.“ Затоа, почнете да гледате од друга перспектива и бидете малку поупорни.
Правилото вели никогаш да не се откажувате по првото „не.“ Можеби вашиот внатрешен глас ви го вели тоа, па затоа, ова не е време да престанете да ги остварувате своите желби. Многу често негативната повратна информација може да биде знак за да ја прилагодите вашата идеја, а не да се откажете од неа!
Како да го надминете стравот од неуспех
Една од најчестите причини за откажување е затоа што сметате дека сѐ уште сте неподготвени. „Немам искуство“, „Треба да научам повеќе“, „Прво ми е потребен подобар план“ и сличните фрази можат само да ве демотивираат. Кој успеал веднаш? Не очекувајте да бидете фантастични на самиот старт, сепак, тоа е само почеток. Прифатете дека ќе правите грешки, но обидете се истите да не ви влијаат негативно. Што и да започнувате за прв пат, секогаш ќе има подобри од вас, но тоа не е причина да се чувствувате неталентирани или неинтелигентни.
Не е ваша работа да ги негирате своите можности, има многу луѓе на светот кои ќе го направат тоа за вас. Вашата работа е да ги прифатите предизвиците кои ви се нудат и да продолжите понатаму, а не да застанувате. Наместо да ги одрекувате, кажете им „да“ на новите можности!