Не е сеедно: Единственото место во фрижидерот каде што не смеете да ги чувате јајцата
Изгледа дека не е баш сеедно во кој дел од фрижидерот ќе ги сместите јајцата доколку сакате да ги искористите сите хранливи материи на оваа храна. Ако мислите и дека е доволно само да ги ставите јајцата во фрижидер, повторно се лажете. Истражувањата покажале дека местото на кое тие се чуваат е многу важно. Со цел да ги задржите сите хранливи својства, никако не ставајте ги на вратата од фрижидерот.
Најидеално место на кое можете да ги ставите е дното на фрижидерот, бидејќи таму температурата е најконстантна, а токму тоа е клучно за правилно чување на јајцата. За разлика од дното на фрижидерот, на сите останати места, вклучувајќи ги и вратите, температурата постојано варира.
Дополнителен совет: Пред да почнете со подготовка на кој било оброк со јајца, најпрво загрејте ги. Извадете ги од фрижидерот и оставете ги да отстојат на собна температура барем неколку минути, а дури потоа почнете со подготовка на оброкот.
Дознајте и како да ги препознаете свежите јајца и колку е нивниот рок на траење.