Не е едноставно како што звучи: Изберете идеална бела блуза за вашата градба на тело

Не е едноставно како што звучи: Изберете идеална бела блуза за вашата градба на тело

Обичната бела блуза дефинитивно би требало да се најде во сечиј гардеробер. Ова повеќенаменско парче облека можете да го носите на безброј разни начини, се вклопува во сечиј стил и одговара скоро на сите прилики, во зависност од остатокот на модната комбинација. Не станува збор за некое скапо парче облека, бидејќи има толку многу модели, па можете да ја изберете цената која најмногу ви одговара. Но, освен цената важен е и нејзиниот крој, бидејќи не одговара секому иста блуза. Главниот збор за тоа го има вашата градба, па прочитајте во продолжение како да го направите најдобриот избор…

1-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

1. Тесни раменици

Ако вашиот горен дел од телото, поточно областа околу рамената, ви е доста тесна, најдобро ќе ви прилега најобична бела блуза со мал отвор и без јака. Овој модел визуелно ќе ги избалансира вашите пропорции, односно ќе го усклади горниот и долниот дел од телото.

2-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

2. Широки рамена

Ако сте пак малку пошироки во рамената, тогаш изберете блуза со малку поголем и подлабок, кружен израз околу вратот. Покажете дел од рамената, или клучните коски, за да создадете илузија на поженствена и понежна силуета.

3-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

3. Големи гради

На жените со големи гради најдобро им прилегаат бели блузи со V-израз, но не длабок, туку суптилен. Исто така, би требало да ги избегнувате затворените блузи, какви што им се препорачуваат на девојките со тесни рамена.

4-ne-e-ednostavno-kako-shto-zvuchi-izberete-idealna-bela-bluza-za-svojot-tip-na-gradba-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите совети…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар