Не дозволувајте му на вашиот стилист да ви ја скратува косата мокра!
Секоја посета на фризерскиот салон обично изгледа вака: се консултирате со стилистот, потоа ви ја мијат косата, па се враќате до столицата и тогаш вашата коса е спремна да се скрати. Неодамна, познатиот стилист Џон Рејман изјави дека ова е една од најголемите грешки кои ја прават стилистите за коса.
Неговото објаснување е едноставно: вие не ја носите вашата коса мокра, па зошто така би ја крателе? Потстрижувањето е добро тогаш кога косата изгледа одлично во различни стилови: и кога е права и кога е кадрава и кога е собрана.
Од друга страна, познатата стилистка Дона Триподи од Њујорк Сити вели дека сè зависи од типот на косата.
„Косата може да се издолжи дури до 50% повеќе кога е мокра, па вашиот стилист секогаш треба најпрво да одлучи до каде ќе ја крати. Ова е особено важно ако имате кадрава коса.“
Триподи вели дека најдобри резултати при кратење на ваквиот тип коса се добиваат додека таа е само малку влажна. Така се смалува природниот електрицитет кој го произведува косата. Ако започнете да чешлате и кратите на суви локни, тогаш постои опасност да ја изгубите природната текстура.
Правата коса е единствениот тип коса кој треба да се крати кога е сува. Кога правата коса се крати мокра, може да изгледа дупло поретка отколку кога е сува, односно се намалува природниот волумен, па може да скратите повеќе коса отколку што треба.
Обидете се да ја класифицирате вашата коса и да пронајдете стилист на кој можете да му верувате дека ќе ви помогне да одлучите која е идеалната техника на кратење за вас.