Не чекајте ни уште еден ден за да ги искажете своите чувства
Дали некогаш сте биле романтично заинтересирани за некого, но премногу долго време сте собирале храброст за да му/ѝ признаете?
Најчесто ова е рецепт за фрустрација и разочарување. Кога поминувате подолго време со одредена личност, вие почнувате да создавате заеднички добри спомени, станувате сè повеќе и повеќе заинтересирани за таа личност, но сепак не ги искажувате своите чувства сè додека не е предоцна.
Всушност, со ова однесување вие индиректно сте ѝ укажале на другата личност дека ја сметате само за пријател, па поради тоа таа почнала да ве гледа на истиот начин. Кога по подолго време, конечно ќе решите да ја искажете вашата романтична заинтересираност, другата личност едноставно се навикнала да ве гледа само како пријател и нема да може да дури ни да ве замисли како нешто повеќе. За која било врска да биде успешна, мора да бидете искрени за вашите намери уште од самиот почеток. Што порано, толку подобро.
Не постои никаква причина за чекање кога станува збор за изразувањето чувства. Освен, секако, ако другата личност веќе е во врска, па во тој случај најдобро би било доколку го насочите вашето внимание во друга насока. Но, ако личноста е слободна, тогаш изразувањето на романтичните чувства веднаш ќе ви даде одговор на прашањето дали и таа е заинтересирана за вас или не. Во секој случај, ќе добиете одговор без да мора да поминувате долги ноќи будни, анализирајќи ги сите ситуации поминати заедно и размислувајќи дали воопшто имате шанси или не.
Бидете искрени кон луѓето и тие ќе бидат искрени кон вас. Не оставајте неискажани чувства, надевајќи се дека ќе излезат на површината во вистинското време. Тоа никогаш не се случува. Едноставно бидете директни. Само на тој начин ќе можете да живеете романтичен живот без никакво каење.
И за крај запомнете, најлошото нешто што може да се случи е да ве одбијат. И тоа можеби ќе ве боли. Но, многу пострашно е доколку изгубите долго време на личност со која немате буквално никакви шанси за љубовна врска.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.