Не барајте љубов, бидете љубов!

Не барајте љубов, бидете љубов!

Се ближи Денот на вљубените и сите ние бараме знаци на љубов во материјалните нешта како што се чоколадите, честитките, цвеќињата, подароците и слично. Тажната вистина е дека иако љубовта е насекаде околу нас, доколку не се сакаме самите себеси, воопшто нема да ја забележиме. Кога се чувствуваме празни, ја црпеме енергијата од другите луѓе и очајнички се обидуваме да се наполниме.

Не барајте љубов, бидете љубов!

Проблемот е во тоа што љубовта која ја добиваме не може да ја пополни празнината создадена од чувството дека нешто недостасува. Љубовта доаѓа однатре, а космичката иронија лежи во тоа што треба веќе да ја имаме за да ја добиеме. Денот на вљубените нека ви биде поттик за да го преиспитате односот со самите себеси. Обидете се да го направите следново:

  • Затворете ги очите и замислете си дека го гледате вашиот одраз.
  • Погледнете се длабоко во очи и кажете си: „Те сакам и те прифаќам токму онаква/онаков каква/каков што си“.
  • Набљудувајте ја реакцијата на вашиот одраз.

Обрнете внимание на тоа како се чувствувате додека ја изговарате и примате оваа љубовна порака. Каква е реакцијата на вашиот одраз? Дали можеби превртевте со очите и саркастично си одговоривте: „Да, секако!“? Оваа вежба ќе ви открие дали имате проблем со самопочитта. Некои ќе уживаат додека ја прават вежбата, за други, пак, чувството нема да биде пријатно, но во секој случај ќе се спознаете себеси.

Ако ова беше болно искуство за вас, тоа е знак дека мора да поработите на вашата самопочит. Почнете да правите вежби пред огледало секое утро и секоја вечер. Погледнете се во очи, кажете си што ви се допаѓа кај вас, кои се вашите позитивни страни на кои им се восхитувате и завршете го говорот со зборовите „Те сакам!“.

Не барајте љубов, бидете љубов!

Можеби ова ви звучи малку глупаво, но станува збор за неверојатно моќен и едноставен метод. Толку многу сме навикнати да гледаме површно на работите што постојано се критикуваме поради нашата облека, коса, тен и тежина. Се фокусираме само на физичките работи. Ретко кој од нас се набљудува себеси со љубов. Повторувајте ја вежбата секој ден сѐ додека критиката не биде заменета со добрина и учтивост. Ниската самодоверба не е воопшто привлечна особина. Кога запознаваме нови луѓе или градиме односи со оние кои веќе ги знаеме, самодовербата секогаш може многу да ни помогне.

Доколку не се сакате себеси, вашите зборови и енергија ќе им ја откријат таа вистина на луѓето кои се обидувате да ги привлечете и ќе го постигнете спротивниот ефект, односно позитивните луѓе ќе ги одбиете, а ќе привлечете манипулатори и подлизурковци. Кога ќе почнете да го препознавате сопствениот квалитет, ќе можете да оставите подобар впечаток и да се опкружите со прекрасни луѓе.

Кога ќе се гледате во огледало, ќе запознаете еден нов аспект од вашата личност што нема врска со физичкото битие кое обично можете да го видите во огледалото. Не заборавајте дека „Очите се прозори на душата“. Ако не воспоставувате контакт со очите додека разговарате со луѓето, тие ќе помислат дека нешто не е во ред или дека лажете. Нема да остварите поврзаност. Меѓутоа најпрво треба да ја остварите таа поврзаност со самите себе. Оттаму започнува здравиот однос кон животот.

За вистински да почнете да се сакате, прочитајте ги и овие моќни цитати за љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар