Навики коишто ќе ви помогнат да ги откриете вистинските аспекти на вашата личност

Навики коишто ќе ви помогнат да ги откриете вистинските аспекти на вашата личност

Секоја личност има своја животна приказна, а со тоа и одредени пречки коишто треба да ги помине. Животот нуди и успеси и падови, но најважно е да не се откажувате, зашто тоа ќе ве направи посилна и поиздржлива личност. Секоја случка може да ве промени и да ви го смени начинот на којшто гледате на некои работи. Но, покрај тоа, можете да дознаете многу работи за себе и да се запознаете со поинакви аспекти од вашиот карактер. Практикувањето некои навики може да ви помогнат да се пронајдете себеси, а еве некои од нив.

1. Остварете контакт со вашето тело и со вашиот ум

Јогата и медитацијата можат многу да ви помогнат во ова. Тие не само што ќе го зајакнат вашето тело, туку ќе ви помогнат и во одржувањето на вашето ментално здравје, а и да допрете до подлабоките места во вашата личност.

2. Вратете се во минатото

Побарајте ги старите слики од детството и од своите тинејџерски години. Обрнете внимание на тоа какви сте на секоја слика во одреден период. Забележете го начинот на облекување, изразот на лицето, начинот на којшто го држите вашето тело или пак која личност е до вас. Преку ова полесно ќе можете да ги сфатите вашите промени коишто настанале до денес.

3. Започнете да пишувате за вашето детство

Не мора да бидете професионалец за да го направите ова, а и не мора да го споделувате со никого доколку не сакате. Потсетете се и запишете ги најдобрите неколку настани од вашето детство, па потоа прашајте се: Како овие искуства ви послужиле во животот? Што научивте од нив? Како тие влијаеле да бидете она што сте денес?

4. Поставете си неколку прашања

Што сте сакале да направите кога сте биле дете? Кои биле вашите соништа? Како сте се менувале со текот на времето? Дали и кога почнавте да ги играте улогите коишто ви биле доделени од другите, наместо да бидете она што навистина сте? Запишете ги вашите одговори и размислете подлабоко околу вашиот живот.

5. Прошетајте сами во природа

Природата има свој начин со којшто влијае на умот. Поминете неколку часа шетајќи во природа, а доколку сте во можност, отидете некаде каде што никогаш не сте биле. Забележувајте ги сите знаци коишто ви ги нуди природата, а пред да се вратите дома од својата мала прошетка, понесете со себе нешто што ќе ве потсетува на неа. На пример, тоа може да биде некој лист или пак камен којшто ќе ве потсетува на вашето мало патување. Потоа, седнете и запишете ги вашите мисли и впечатоци. Ова ќе ви помогне да продолжите понатаму и да пронајдете многу скриени аспекти од вашата душа.

6. Споделете ги своите мисли со вашите пријатели

Споделете ги своите мисли и искуства со вашите пријатели и истомисленици. Разменувањето меѓусебни искуства може да придонесе да дознаете некои работи за себе за коишто не сте биле свесни, а слушајќи ги туѓите приказни ќе имате можност да учите од нивните грешки и да продолжите напред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар