Навики кои можат да ја отрујат секоја врска

Навики кои можат да ја отрујат секоја врска

И покрај тоа што сите ние сакаме среќна и хармонична врска или брак, многу луѓе без да знаат предизвикуваат стрес кој може да доведе до појава на интерперсонален отров. За разлика од застрашувачките акти како злоупотреба, измама и неверство, најголемиот проблем кај овие деструктивни однесувања е фактот што тие се толку суптилни што нивните ефекти почнуваат да се чувствуваат дури откако штетата ќе се направи. Погледнете како можете да ги спречите навиките кои можат да ја отрујат секоја врска…

Навики кои можат да ја отрујат секоја врска

Жалење – Ако сакате да ја претворите вашата врска во измачување, тогаш честото жалење ќе ви помогне во тоа. Дури и кога поплаките не се насочени директно кон вашиот партнер, тие сепак можат да направат штета. Зарем тој/таа мора да знае за секоја ситница која ве изнервирала во текот на денот? Понекогаш подобро е да се воздржите од споделување на овие безначајни нешта кои знаат да бидат навистина иритантни, па токму затоа наместо да се жалите за тоа колку ви било ладно во театар или колку долго сте биле заглавени во сообраќај, споделете нешто позитивно од вашиот ден или едноставно премолчете.

Критикување – Уште една честа и корозивна навика која многу луѓе ја поседуваат е честото критикување на својот партнер. На овој начин сигурно ќе предизвикате зголемување на стресот во врската како и доведување на вашиот интимен однос до кршење. Наместо да критикувате, обидете се да создадете рутина во која ќе ги искажувате вашите комплименти кон партнерот. Фокусирајте се на позитивните нешта, наместо на негативните. Одобрувањето е еликсир кој помага да се излечи врската од лошото влијание на критицизмот.

Спротивставување – Неверојатно е колку често партнерите можат да одат контра еден на друг, дури и кога разликите се ирелевантни или пак, немаат никаква врска со разговорот. Зарем навистина е толку важно дали ќе си одите од забавата во 10:30 или во 11:00? Освен ако не сакате да поправите клучна грешка, не му се спротивставувајте намерно на вашиот партнер, особено кога сте во јавност. Ако веќе имате голема потреба да го сторите тоа, направете го дома, додека сте на само. Од друга страна пак, додека сте во јавност, ако можете, обидете се повеќе да изразувате поддршка и согласност, а сите останати нешта оставете ги за разговор кога ќе бидете сами.

Контролирање – Едноставно кажано, настрана од злоупотребата, неискреноста и неверноста, да се обидувате да го контролирате вашиот партнер е најштетното нешто што една личност може да го направи на својата врска. Дури и доколку мислите добро, кога му кажувате на вашиот партнер што да прави, а што не, вие не се однесувате како еднакви во балансирана врска базирана врз меѓусебна почит, туку го омаловажувате вашиот партнер и со тоа директно фрлате „отров“ во срцето на вашата заедница. Лекот е едноставен: Почнете да работите на прифаќањето.

Кажување „не“ наместо „да“ – Доколку вашиот партнер побара нешто од вас, најчестиот одговор треба да биде „да“, „секако“ или „во ред“. Доколку од вас се бара нешто со што вие навистина не се согласувате, тогаш секогаш можете да преговарате. Но, не си дозволувајте да научите постојано да кажувате „не“, па дури и „можеби“, бидејќи на овој начин со сигурност ќе го изгубите интересот на вашиот партнер кон вас. Обидете се да бидете поотворени кон барањата на вашиот партнер, а со тоа и да ја направите вашата врска поздрава и со повеќе љубов.

Да сумираме:
  • Отров: Жалење
  • Противлек: Правете позитивни забелешки
  • Отров: Критикување
  • Противлек: Искажувајте одобрување
  • Отров: Спротивставување
  • Противлек: Јавна поддршка, приватно несогласување
  • Отров: Контролирање
  • Противлек: Прифаќање
  • Отров: Кажување „не“
  • Противлек: Кажување „да“ колку што е можно повеќе


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар