Навика која со сигурност ќе ви го подобри квалитетот на животот! Ја практикувал и Бетовен!
Шетањето ви овозможува да ја подобрите својата креативност и да си го унапредите животот. Тоа го знаел и познатиот композитор Лудвиг Ван Бетовен. Имено, после секој ручек, тој одел на долга прошетка низ шумата. Задолжително со себе носел молив и неколку листови хартија за да би ги запишал нотите кои евентуално би му паднале на памет. Слична метода користеле и неговите колеги, великаните како Густав Малер и Бенџамин Бритн.
Научниците од универзитетот Стенфорд докажале дека прошетката го поттикнува креативното размислување. Објаснувањето лежи во неколку факти.
Одењето е најлесниот и најбезбедниот пат до добро здравје на духот и телото. Предностите од одењето се во тоа што организмот подобро функционира, врши подобра размена на материи и се внесува повеќе кислород. Телото се релаксира, а покрај благиот замор, се враќа изгубената енергија и поквалитетно се спие.
Стручњаците тврдат дека овој вид активност го подобрува квалитетот на животот за 27%. Во текот на одењето доаѓа до ослободување на ендорфин, кој претставува природна дрога која предизвикува добро расположение.
Меѓутоа, одењето не го подобрува само здравјето, туку го поттикнува и креативното размислување. Истражувањето објавено во Списанието за експериментална психологија покажало дека подобрувањето на креативноста под влијание на прошетките е за 60%.
Пешачењето исто така ни помага да останеме смирени и концентрирани и во напнатите ситуации на работа.