Науката потврдува: Најдобриот начин да ослабете е да престанете да зборувате за тоа

Науката потврдува: Најдобриот начин да ослабете е да престанете да зборувате за тоа

Според неодамнешно истражување спроведено од страна на американската академија за педијатрија, зборувањето за тежината, односно разговорите со семејството и пријателите за тоа кој колку тежи е најбрзиот начин да добиете лоша слика за вашето тело и да ја уништите здравата врска со храната.

Науката потврдува: Најдобриот начин да изгубите тежина е да престанете да зборувате за тоа

Сигурно се прашувате каква врска има тоа со вишокот килограми. Имено, според истражувачите, доколку родителите биле премногу окупирани со нивната тежина, било да е на позитивен или негативен начин, или ги поттикнувале децата да внимаваат на килограмите, постои голема веројатност дека подоцна во животот децата ќе почнат да применуваат некои штетни методи на слабеење како што е држењето диети.

Најдобро е кога разговорите за телесната тежина се насочени кон здравиот начин на живот, односно кога се зборува за здрава исхрана и вежбање, наместо за бројот на килограми.

Имајте на ум дека навиките стекнати во детството никогаш не исчезнуваат со текот на времето. Запаметете дека губењето тежина никогаш не треба да биде поврзано со мерење и бројки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар