Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретана

Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретана

Соблечете ги вашите патики и подгответе си топла бања! Сигурни сме дека најновите откритија многу ќе им се допаднат на сите луѓе кои ја мразат лентата за трчање. Доколку сакате да ги потрошите калориите што сте ги внеле преку оној вкусен хамбургер, уживањето во топла бања звучи многу подобро од потењето во теретана, се согласувате?

(1) Науката открива: Топлата бања согорува исто толку калории колку и вежбањето во теретана

Пред да престанете со читање, бидејќи сето ова ви звучи предобро за да биде вистинито, одвојте уште некоја минута за да дознаете што вели науката на оваа тема. Штом науката има вмешано прсти, значи мора да има барем малку вистина во ова тврдење!

Според докторот Стив Фолкнер, истражувач од универзитетот Лоубороу, топлата бања има сличен ефект како оној на вежбањето. Освен тоа, таа помага во спречувањето на дијабетес тип 2. Тој нагласил дека топлите бањи отсекогаш биле познати како методи на релаксација, но неодамна научниците откриле како ова „пасивно загревање“ може да ви го подобри здравјето и да ги согори калориите.

Во истражувањето учествувале 14 испитаници и секој од нив поминал еден час во топла купка од 40 степени Целзиусови. Потоа, истите луѓе еден час возеле велосипед, а доктор Фолкнер и неговиот тим ги испитувале согорените калории и нивото на шеќерот во крвта. Секој тест бил специјално направен за да ја покачи телесната температура за еден степен со цел истражувачите да видат колку калории ќе бидат согорени.

Тие откриле дека сепак возењето велосипед согорило повеќе калории, но топлата бања согорила исто толку калории колку и 30-минутното пешачење. Доктор Фолкнер исто така нагласил дека нивоата на шеќерот во крвта биле слични и во двата случаи, но нивото на шеќерот во крвта по јадење бил 10% понизок кога испитаниците поминале еден час во топла бања за разлика од тоа кога вежбале.

Освен тоа, вежбањето има антиинфламаторни карактеристики што му помагаат на телото да се бори со различни болести, но и пасивното загревање го има истиот ефект кога станува збор за воспаленија.

Иако можеби не треба целосно да се откажете од вежбањето, слободно додадете и по некоја топла бања во вашиот распоред за да постигнете уште поголеми резултати.

За да си овозможите максимално уживање, дознајте како да ја претворите вашата бања во спа-центар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар