Науката открива: Што се случува кога му викате на вашето дете?

Науката открива: Што се случува кога му викате на вашето дете?

Можеби им викате на децата постојано, можеби им викате кога се непослушни, а можеби и никогаш не сте го направиле тоа. Каква и да е ситуацијата, сепак вие сте само човек и понекогаш не можете да ги контролирате вашите постапки. Сепак, погледнете како викањето влијае на децата и како да ја отстраните таа навика од вашиот живот.

naukata-otkriva-shto-se-sluchuva-koga-mu-vikate-na-vasheto-dete-kafepauza.mk

Викањето не е секогаш лошо

Понекогаш викањето помага, па дури е и потребно. Викањето е ефективен начин да ги предупредите вашите деца дека постои некаква опасност. Па, тоа треба да биде само метод за предупредување, а не дел од казна.

Што му прави викањето на вашето дете?

Ако се обидувате да го смирите детето или пак да го натерате да престане да прави нешто, викањето не е начин. Кога му викате, кај вашето дете се активира рефлексот „бори се, бегај или застани“. Викањето предизвикува агресија кај него, тоа може да избега или пак да ве гледа исплашено. Истражувања покажале дека викањето ги прави децата поагресивни, и физички и вербално.

Ќе ги научите децата дека сте сериозни само кога викате

Многу често родителите им викаат на децата со надеж дека следниот пат ќе нема потреба од тоа. Но со тоа всушност само им кажувате на децата дека не сте сериозни дури не го повишите тонот.

Викањето не е ефективен начин за комуницирање

Понекогаш родителите викаат со надеж дека детето подобро ќе ги разбере. Кога им викате на децата, тие нема да сфатат што сакате да им кажете бидејќи тогаш тие размислуваат како да се одбранат.

Викањето ја уништува довербата

Ако постојано го заплашувате вашето дете, нормално дека ќе ја изгуби довербата во вас. Наместо тоа, обидете се да го решите проблемот со малку хумор. Пристапете му на проблемот од гледна точка на вашето дете.

Нема да бидете совршени, но обидете се да останете смирени

Сигурно не е лесно да останете смирени во 3 часот наутро кога вашите деца прават врева. Сигурно ќе ве разбесни кога вашето дете по 10-ти пат ги вади работите од вашата чанта. Но, смиреноста ќе ви се исплати – ќе изгледате дете кое ви верува, ве сака и кое не се плаши од вас.

Ако вашите родители ви викале кога сте биле мали, не ја продолжувајте традицијата. Научете да бидете внимателни. Ако погрешите и викнете, смирете ја ситуацијата и потоа продолжете понатаму.

Погледнете и како да ја претворите караницата во размена на мислења.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар