Науката открива: На која возраст ќе го доживеете најинтензивниот оргазам?

Науката открива: На која возраст ќе го доживеете најинтензивниот оргазам?

Повеќето луѓе мислат дека најдобрите сексуални искуства ќе ги доживеете додека сте млади, слободни и безгрижни во вашите 20-ти години. Меѓутоа, најновите истражувања докажуваат дека најубавите работи им се случуваат на оние кои чекаат.

Науката открива: На која возраст ќе го доживеете најинтензивниот оргазам?

Имено, резултатите од истражувањето покажале дека жените го доживуваат најинтензивниот оргазам на 36 години. 2.600 различни жени требале да пополнат прашалник поврзан со сексуалниот живот, оргазмите, дали се чувствуваат привлечни и колку уживаат во сексот. Групата била поделена на 3 подгрупи според возраста: 23 и помлади, од 23 до 35 и 36 и постари.

Постарите жени покажале најдобри резултати кога станува збор за доживувањето оргазам со тоа што 60% од жените изјавиле дека речиси секогаш го достигнуваат врвот за време на сексот. Дури 86% од жените од повозрасната група потврдиле дека имале одличен секс во текот на последните неколку недели, во споредба со 76% од жените од средната група и само 56% од жените од најмладата група.

Како што минуваат годините, така расте и самодовербата кај жените во овој случај, бидејќи највозрасната група жени изјавиле дека се чувствуваат привлечни и дека се задоволни од изгледот. 80% од највозрасните жени се сметале себеси за секси, но само 40% од жените од средната група биле исто толку самоуверени. 70% од жените помлади од 23 години го изјавиле истото.

И покрај овие разлики, постои едно нешто што е заедничко за сите жени кои учествувале во истражувањето: Подолг секс. 30% од жените од секоја група признале дека би сакале времето поминато во кревет да не биде толку кратко.

Заклучокот од сето ова е доколку се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, тоа ќе ви ги зголеми шансите за доживување поинтензивен оргазам. Не мора да чекате да наполните 36 години за да уживате во сексот. Сѐ што треба да направите е гласно да го побарате она што го сакате и да се чувствувате пријатно во сопствената кожа.

Не сте задоволни од вашиот сексуален живот? Прочитајте ги овие 10 совети за да доживувате подобри и посилни оргазми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар