Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

Луѓето имаат различни причини поради кои решаваат да ја прекинат нивната врска. Понекогаш, тие се премногу зафатени и немаат време да се посветат на врската покрај сѐ друго што им се случува во животот. Понекогаш, им треба време за бидат сами и да се запознаат подобро себеси. Понекогаш, нивната љубов едноставно исчезнува. Но, постои една причина за раскинување што предизвикува најголема болка кај оставениот партнер. Можете да погодите за што станува збор?

Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

Вашето срце ќе биде најскршено доколку бидете оставени поради друга личност. Истражувачите од Универзитетот Корнел спровеле неколку експерименти со 600 испитаници за да видат како раскинувањето влијае на луѓето. Секој експеримент бил направен на таков начин што одредени испитаници се чувствувале како да се оставени поради друга личност. На пример, во еден од експериментите учествувале 1 маж и 2 жени кои работеле со истражувачкиот тим тајно. Сите тројца се наоѓале во соба каде што една од жените требала да реши загатка. Таа можела да одлучи да ја реши загатката сама или со уште еден човек. Таа секогаш решавала да соработува со другата жена. Токму поради тоа, машките испитаници секогаш се чувствувале отфрлено.

Станува збор за многу едноставен експеримент, но сигурни сме дека многу од вас можат да сочувствуваат со машките испитаници во оваа ситуација. Ако некогаш ве оставиле поради друга личност, знаете колку е лошо чувството.

Зошто луѓето се чувствуваат толку повредено кога партнерот ќе ги остави поради друга личност?

Како што покажале истражувањата, сите одбивања и отфрлања се болни. Но, луѓето се чувствуваат најмногу повредени кога некој ќе ги одбие поради друга личност. За разлика од другите видови одбивања, отфрлањата поради друг човек прават да се чувствувате неприфатено и исклучено.

„Кога некој ќе ве остави поради друг човек, тоа побудува многу длабоки и комплицирани емоции. Во таква ситуација, не само што треба да се справите со фактот дека сте го изгубиле партнерот, туку ќе треба да се соочите и со фактот дека сте биле изневерени и заменети. Ваквата замена прави луѓето да се чувствуваат како губитници и предизвикува чувства на срам“, објаснуваат психолозите.

Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

Истражувањата исто така откриле дека доколку не добиете никакво објаснување за раскинувањето, исто така ќе се чувствувате многу повредени и тажни. Ако не постои конкретна причина, автоматски ќе претпоставите дека сте биле оставени за друга личност.

„По шокот предизвикан од сознанието дека биле заменети, луѓето формираат лажни верувања за себе со цел да го објаснат она што не го разбираат. Овие лажни верувања психолозите ги нарекуваат когнитивни искривувања. Когнитивните искривувања се засилуваат кога умот се обидува да најде докази или објаснувања зошто лагата во која веруваат може да биде вистинита“, откриваат психолозите.

Како да се утешите доколку сте биле оставени за друга личност?

Доколку партнерот ве оставил поради друга личност, нормално е да се чувствувате лошо во врска со себе. Вашето искривување во главата може да стане многу негативно. Но, постојат начини на кои ќе можете да се изборите со овие мисли.

„Наместо да ја барате причината внатре во себе, побарајте ги надворешните фактори што придонеле за раскинувањето. Наместо да си велите ’Јас сум виновен/на. Не сум доволно добар/а’, кажете си ’Врската не успеа поради следниве причини…’“, советуваат психолозите.

Доколку ова не ви помогне, обидете се да се сетите какви сте биле пред да се случи сето ова. Многу е важно да се вратите назад кон позитивните когнитивните верувања што сте ги имале за себе. Сетете се колку сте забавни, паметни и добри. Мислете на сите ваши неверојатни карактеристики. Разберете дека раскинувањето не може да го избрише животот што сте го имале пред него.

Освен тоа, многу е важно да ги одбегнувате социјалните мрежи и да не го прогонувате поранешниот партнер. Дајте си време за да се исплачете и да разговарате со вашите најблиски. Најважно од сѐ, не заборавајте дека не сте вие виновни за тоа што партнерот ве оставил поради друга личност.

Доколку сакате да ја прекинете врската без да го повредите партнерот, потребно е да ги знаете следниве правила за раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар